Нашата Моника Коцарева одржа ревија на Модната недела во Париз - Аристократски хотел, модно усогласена со ќерката
Ревијата на нашата дизајнерка Моника Коцарева се одржа во хотелот Le Marois, чиј ентериер потсетува на времето на француската аристократија - со многу златни детали, кадифе, кристални лустери.

Модната дизајнерка Моника Коцарева вчера (02.10) ја претстави својата нова колекција елегантни вечерни фустани на ревија во склоп на Модната недела во Париз.
Ревијата на нашата дизајнерка се одржа во хотелот Le Marois, чиј ентериер потсетува на времето на француската аристократија - со многу златни детали, кадифе, кристални лустери.

Откако манекенките продефилираа во креациите на Коцарева пред бројните љубители на модата, дизајнерката и самата се појави пред публиката, заедно со својата ќерка.
Мајката и ќерката беа модно усогласени, во црни фустани од тантела.

Меѓу гостите имаше и Македонци, кои беа дојдени како поддршка на младата дизајнерка.
Коцарева пред почетокот на ревијата
Пред ревијата, Коцарева организираше и фотосесија за новата колекција, среде Париз и со поглед на Ајфелова кула, а дел од фотките од зад сцената ги објави на Инстаграм.

Фотографиите ги направи BadStef, нашиот фотограф со интернационална кариера, додека за шминката и фризурата на девојките се погрижи Октај Сејди.

Погледнете повеќе фотографии од ревијата, но и од фотосесијата во Париз:







