Авантуристичко запросување на Леонора од кочанско – над море, на парасејлинг во Марбеља (фото+видео)

„По цел ден прошетка низ градот, Бојан предложи да се качиме на парасејлинг. Јас со насмевка го одбивав, велејќи дека тоа веќе сме го доживеале во Тунис, но неговата упорност беше посилна од моите убедувања, па се согласив. И токму таму, над брановите, во тој миг на безвремена убавина, Бојан го извади прстенот“ - раскажува за CRNOBELO.com Леонора. 

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-01.jpg

Леонора Митрева (25) е дипломиран инженер геолог, а својата професионална приказна продолжувам да ја градaм во лабораторија за култура на ткиво.

Нејзиниот, сега веќе вереник, Бојан Крстов (27) е дипломиран економист во областа на сметководство и ревизија, но по душа и професија – професионален тапанџија во изворниот оркестар „Мелем“.

Минатиот месец тој ја запроси својата сакана, на авантуристички начин, за време на парасејлинг на патувањето во Марбеља, Шпанија.

За запросувањето, Леонора раскажува подетално за CRNOBELO.com:

„Нашата приказна започна уште во 2012 година, кога за првпат се сретнавме и запознавме во Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ во Оризари.

Заедно учевме песни и ора, чекоревме во ритамот на истата музика, а пријателството што таму се роди, неколку години подоцна, во 2017-та, прерасна во љубов.

И еве, на 13 септември 2025, таа љубов доби ново поглавје со запросувањето.

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-04.jpeg

Запросувањето беше како сцена од сон. Се случи во Марбеља, Шпанија, град кој како да е создаден за романтични авантури.

Уште од првиот ден бевме маѓепсани од медитеранската убавина, златните плажи, палмите и улиците полни со живот.

По цел ден прошетка низ градот, Бојан предложи да се качиме на парасејлинг.

Јас со насмевка го одбивав, велејќи дека тоа веќе сме го доживеале во Тунис, но неговата упорност беше посилна од моите убедувања.

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-02.jpeg

Додека мене ме подготвуваа со опремата, тој веќе го имаше договорот со екипажот на бротчето, а во тишина ја криел најубавата тајна – прстенот.

Се сеќавам како пред да тргнеме, сите ги оставивме нашите работи во мали орманчиња. Јас воопшто не ни насетив дека токму тогаш Бојан го скрил прстенот толку блиску до мене, со страв дека ништо нема да го издаде.

Сè уште се смеам кога ќе се сетам – јас го убедував да не се качуваме, а тој, со насмевка, ме охрабруваше да погледнеме кон Марбеља од високо.

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-03.jpeg

Кога се издигнавме над брановите, пред нас се отвори поглед од кој застанува здив – блескавата Марбеља под нас и морето кое светеше во сите нијанси на сино.

И токму таму, во тој миг на безвремена убавина, Бојан го извади прстенот.

Не очекував ништо и можеби токму затоа моментот беше совршен. Организацијата му беше беспрекорна, а неговата нежност и внимание направија запросувањето да биде најромантичниот миг во мојот живот.

Подоцна ми призна дека единствената негова грижа во текот на целото патување била прстенот – дали ќе го пронајдат на аеродромските контроли и ќе го расипат изненадувањето, или пак, дали ќе успее да го скрие до вистинскиот момент.

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-06.jpeg

Пред Марбеља, патувавме и низ Севиља, каде што прстенот веќе беше со него, но тој чекал вистинско авантуристичко место кое ќе го одрази нашето патување низ животот.

Потоа ја посетивме и Малага, каде што Мирадор де Гибралфаро ни подари магичен поглед кон градот и морето, создавајќи спомени кои ќе останат вечни.

Убавината на Фуенгирола и сончевите плажи на Шпанија, со својот топол песок и блескав хоризонт, беа како рамка на ова наше поглавје кое заврши со – „ДА“.

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-05.jpeg

Тоа „ДА“ беше мојот најискрен одговор. Јас бев пресреќна, а срцето ми беше полно со љубов и благодарност за човекот кој секогаш знае како да ми подари моменти што се паметат цел живот.

Придружници на најубавиот наш ден и најубав одмор беа нашите најдобри другари, Маја и Филип“.

avanturistichko-zaprosuvanje-na-leonora-od-kochansko-nad-more-na-parasejling-vo-marbelja-foto-07.jpeg

Погледнете видео од запросувањето:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...

Најчитани неделава