Сузана Турунџиева повторно со апел: „Името на Атиџе се злоупотребува за продажба на мед, кој не е нејзин“
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
„Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова“, сподели емотивно Сузана Турунџиева во 2023-та, но бидејќи злоупотребата трае, повторно потсети на ова за да ја заштити својата пријателка.

Сузана Турунџиева години наназад е пријателка со Атиџе, нашата хероина од филмот „Медена земја“.
Македонскиот филм „Медена земја“ беше номиниран за Оскар, а Атиџе стана ѕвезда преку ноќ.

Нејзиниот мед стана ценет како злато и многу баран, но тој се произведува во многу мали количини, а веќе долго време е мета на злоупотреба.

Поради тоа Сузана Турунџиева упати јавен апел одново за да се стави крај на ова:
„Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова и потсетувам дека Атиџе не го рекламира и продава нејзиниот мед преку други, трети лица и фирми.
Атиџе нема фирма! Медот на Атиџе е оној кој ќе го купите од нејзе лично!“




Инаку, покрај поддршка на своите пријатели и фотографии од разни настани и активности, Сузана неретко споделува и мудри поуки на нејзиниот Фејсбук профил.
Неодамна, таа напиша:
„Луѓето не се клучеви, па да се изгубат туку така... Луѓето се губат збор по збор, гест по гест, ден по ден, игнор по игнор... сè додека не дојде денот кога ниедни зборови и гестови нема да можат да ги вратат назад...
Но, пак ќе речам: Не суди никому, немаш право!
И наместо да се лутиш зошто тебе не ти се јавил некој, помисли да не случајно тој кој се ‘изгубил’ поминува низ некоја потешка ситуација од твојата...“



С. С. | Црнобело