Ивана Кнез воодушевена од нашиот филм „Диџеј Ахмет“: „Ова ѝ е потребно на Македонија - ме насмеа, расплака, ме стопли“

„Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за тинејџер од јуручките села близу Радовиш, кој е голема вљубеник во музиката, но истовремено се соочува со очекувањата на татко си, се грижи за својот помал брат и се вљубува во девојка ветена на друг - филмот полека ги освојува срцата на публиката.

ivana-knez-voodushevena-od-nashiot-film-didjej-ahmet-ova-i-e-potrebno-na-makedonija-me-nasmea-rasplaka-me-stopli-01.jpg 

Последниве денови една од главните теми „на муабет“ во нашата јавност е филмот „Диџеј Ахмет“ (DJ Ahmet) на режисерот Ѓорѓи Унковски.

Тој ја раскажува приказната за тинејџер од јуручките села близу Радовиш, кој има голема љубов кон музиката, но истовремено се соочува со очекувањата на татко си, се грижи за својот помал брат и се вљубува во девојка, која е веќе ветена на друг.

Откако имаше премиера на „Браќа Манаки“ во Битола, филмот почна да се прикажува и во домашните кина, а реакциите се одлични.

Меѓу оние кои јавно го пофалија филмот на Унковски, е и модната дизајнерка Ивана Кнез, а која не го криеше своето воодушевување од тоа што го видела на филмското платно.

ivana-knez-voodushevena-od-nashiot-film-didjej-ahmet-ova-i-e-potrebno-na-makedonija-me-nasmea-rasplaka-me-stopli-02.jpg

„Морам. Диџеј Ахмет е тоа што и беше потребно на Македонија во овој момент.

Новото освоено светско првенство, новиот културолошки постулат по кој ќе треба идни генерации да се водат.

Ме насмеа, ме расплака, ме стопли, ме гушна, (Фстачеееее) ме освести колку е важно да си свој, и за еден магичен момент ми го обои животот во магента розово.

Унко, не верував дека постои некој што ќе те симне од твојот трон, многу ми е драго што тоа го направи твојот син.

Георги Унковски, на тебе и на цела твоја екипа поклон до земја од мене. Ми требаше ова“, напиша таа на Фејсбук.

За големината на филмот зборуваат и неколкуте учества на фестивали низ светот, две награди на реномираниот Sundance Film Festival, како и последното учество на Arab Critic Awards, кој се одржува во моментов, а каде филмот „Диџеј Ахмет“ е меѓу финалистите.

Кликнете и погледнете ја најавата за филмот:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Маја Вукичевиќ емотивна за брат ѝ: „Колку и да сме далеку во Сиднеј, ни фалиш сè повеќе... Еден е бр... „Ти посакуваме пред сè челично здравје и со леснотија да тераш до 101...“, гласи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава