Браво! Тони Зен на концертот се појави во кимоно, направено од затвореничките во Идризово
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
Секоја чест! Една од прекрасните креации на вештите раце на затвореничките од Идризово заврши на големата сцена во „Борис Трајковски“ Тони Зен облече нивна креација за големиот концерт со Слаткар.

Дизајнерката Ирина Тошева ја воодушеви јавноста со нејзината иницијатива на почетокот на 2025-та за отворање на шивачка работилница за жените од КПУ Идризово, а сега ова прерасна во прекрасен проект, а од нивните вреди раце кимоно доби и Тони Зен.
Тој на неодамнешниот концерт со Слаткар, настапи во креација која тие му ја направија и сошија.

Ирина вели дека со секој модел затвореничките везат надеж и шијат промени, а Тони Зен за оваа соработка на својот Инстаграм профил напиша:
„Овој пост го посветувам на Ирина Тошева и @madeinidrizovo.
Со Ирина се запознавме во затворот Идризово, јас имав настап во машкото одделение, а она, во женското одделение има кројачка работилница, создадена со донации од добрата волја на граѓаните, каде што ги обучува жените кои отслужуваат казна затвор, да шијат, везат и кројат, на овој начин жените се ресоцијализираат и го поминуваат времето низ креативен процес, јас бев восхитен од тоа и им реков дека сакам од нив едно кимоно за концертот, е па ова е тоа ЗЕН кимоно дами и господа, сто проценти направено во Македонија.
Нивните дела отсега ќе ги има и на Инстаграм профилот @madeinidrizovo“.
Погледнете ја нивната изработка:







Прочитајте и Затвореничките од Идризово имаат шивачка работилница, а наша дизајнерка сега им ги промовира делата и на Инстаграм: „Веземе надеж“
С. С. | Црнобело
фото: Стефан Рајхл, Kристијан Теодорв, Славиша Raw