Затвореничките од Идризово имаат шивачка работилница, а наша дизајнерка сега им ги промовира делата и на Инстаграм: „Веземе надеж“

„Нивниот секојдневен живот, без содржина и шанса за раст, ме натера да понудам алатки и вештини за подобра иднина“, вели Ирина Тошева за затвореничките во КПУ Идризово. Иницијатива за поздрав!

zatvorenichkite-od-idrizovo-imaat-shivachka-rabotilnica-a-nasha-dizajnerka-im-gi-promovira-delata-vezeme-nadezh-shieme-idnina-01.jpg

Дизајнерката Ирина Тошева ја воодушеви јавноста со нејзината иницијатива на почетокот на 2025-та за отворање на шивачка работилница за жените од КПУ Идризово.

Од идеја до реализација, Ирина успеа во овој сон и вели дека сега со затвореничките везат надеж и шијат промени.

Нивните дела отсега ќе ги има и на Инстаграм профилот @madeinidrizovo.

Ирина ја објави оваа убава вест на социјалните мрежи:

„На почетокот на 2025 започнав иницијатива за создавање шивачка работилница за жените од КПУ Идризово.

Нивниот секојдневен живот, без содржина и шанса за раст, ме натера да понудам алатки и вештини за подобра иднина.

Со донации од граѓан(к)и и компании, успеавме да ја опремиме работилницата и да создадеме пристојни услови за учење и работа.

Прво учевме да веземе. Потоа почнавме да шиеме.

А денес на Инстаграм ви ја претставуваме @madeinidrizovo - наша заедничка платформа каде ќе ги споделуваме производите, инспирацијата и сите убави нешта што се раѓаат таму каде што некогаш имало само тишина.

Веземе надеж. Шиеме промени.

Заследи нѐ: instagram.com/madeinidrizovo“.

Инаку, во мај 2025-та Ирина ги објави првите дела од вредните раце на затвореничките и напиша:

„Првите производи создадени во шивачката работилница во КПУ Идризово се појавуваат јавно, на модната ревија на кучиња во склоп на „Вдоми Љубов Фест“.

Создадовме бандани со мотиви на тема вдомување. Со нивно купување, директно ни помагате да набавиме опрема и алатки што ни недостигаат, за да продолжиме да учиме и создаваме.

Спојуваме две каузи одеднаш: вдомување животни и реинтеграција на жени“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Наша инфлуенсерка ѝ прослави прв роденден на ќерката со тематска роденденска забава „снегулка“ (фото... „Среќен роденден снегулке! Парчето што ни фалеше во нашата сложувалка за сè да и...
Наша докторка, семеен психотерапевт: „Партнерот не треба да ви е на второ место по децата, ако чекат... „Постои верување дека најважната улога во животот ни е родител, најважното суште...
Наша водителка вели: „Која е потребата да навредуваме бремена жена во 8-9 месец?“, среде скандалот с... „Ма, да те плеснам еднаш по г*, ќе искочи бебево од стомак. Ама си се надувала, ...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...

Најчитани неделава