Наша водителка вели: „Која е потребата да навредуваме бремена жена во 8-9 месец?“, среде скандалот со сопругата на Мандар
- Детали
- петок, 22 мај 2026
„Ма, да те плеснам еднаш по г*, ќе искочи бебево од стомак. Ама си се надувала, ти близнаци носиш“, добила коментар на Инстаграм сопругата на јутјуберот Мандар. Се пожали јавно и откри која нејзина фотографија била причината за тоа сега, во 32-рата недела од бременоста. На темата зборуваше и Јована Аврамовска која застана во одбрана на сите бремени жени, инспирирана од Емилија Мицевска, актерката која настапи со гол труднички стомак на „Глумците пеат“.

Водителката Јована Аврамовска Николовска, која се прослави во Фчерашни Новости, а сега има свој подкаст, овојпат ја видовме во улога на гостинка во подкастот „Како си?“.
Таму таа проговори за тема што е особено актуелна деновиве, а тоа е колку внимателно треба да биде обраќањето и комуникацијата со бремените жени.
За жал, кај нас во Македонија тоа понекогаш се подзаборава, а така беше и со нашата актерка Емилија Мицевска на „Глумците пеат“, која доби критики на социјалните мрежи дека се појавила со гол труднички стомак, а така е и актуелната ситуација од деновиве кога сопругата на јутјуберот Мандар, Дариа, на Инстаграм се пожали каков невкусен коментар добила од маж.
Јована за односот кон бремените жени вели:
„Кој е потребата ние да навредуваме една бремена жена во 8-9 месец?
Една наша актерка, којашто е патем прекрасна и изгледа преубаво, имаше настап, пееше некоја песна исклучително тешка на манифестацијата „Глумците пеат“ со трудничко стомаче и имаше кроп топ и долго здолниште и сако.
Ѝ се гледаше стомакот.

Сега, јас, мојот природен инстинкт е да ја видам и да ѝ кажам: „Еј, честито, што убаво, супер си чекаат дете“, па види она може и да пее и сè да направи и баш да ја поддржам во тоа.
И како жена којашто самата одлучила да има деца, и вторпат и слично, мене ми дава баш надеж и баш некоја позитива.
Јас работев во претходната бременост и ми беше супер што можев да бидам активна, нели кој кога и колку може.
Меѓутоа, кога отворив коментари, иако да нагласам имаше многу повеќе лајкови, споделувања, позитивни коментари, односно многу повеќе луѓе размислуваат како мене....
Ама кога отворив коментари, гледам луѓе коишто ја навредуваат.
Која е потребата да навредуваме една бремена жена во 8-9 месец?“