Наша докторка, семеен психотерапевт: „Партнерот не треба да ви е на второ место по децата, ако чекате да пораснат – ќе станете странци“

„Постои верување дека најважната улога во животот ни е родител, најважното суштество во животот ми е детето... Си велам, Боже Господе, како да им помогнам на луѓево да разберат дека има некои улоги кои не се споредуваат? Како да ни се партнерите само за приплод, па ние стануваме родители и веќе не сме важни едни на други“ - наша докторка зборува за семејните односи, но и периодите во кои паровите најчесто се разведуваат. 

nasha-doktorka-semeen-psihoterapevt-partnerot-ne-treba-da-vi-e-na-vtoro-mesto-po-decata-ako-chekate-da-porasnat-kje-stanete-stranci-01.jpg

Во емисијата „Телма Амбуланта“, кај Марија Атанасовска, гостуваше примариус д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ, невропсихијатар и сертифициран семеен и системски психотерапевт.

Во гостувањето, тие разговараа за една актуелна тема за која можеби недоволно се зборува во јавност, а тоа е семејството зад затворени врати.

Социјалните мрежи покажуваат совршени семејства, но во домот ситуацијата е сосема поинаква, паровите се соочуваат со поразлични предизвици во ова модерно време, а докторката објаснува кои се најчестите проблеми.

nasha-doktorka-semeen-psihoterapevt-partnerot-ne-treba-da-vi-e-na-vtoro-mesto-po-decata-ako-chekate-da-porasnat-kje-stanete-stranci-05.jpg

Помеѓу многуте теми за кои зборуваа, една посебно го привлече вниманието на јавноста, а тоа е дека партнерскиот однос не смее да биде на второ место, по децата.

Д-р Славица објаснува:

„Постои верување дека најважната улога во животот ни е родител, најважното суштество во животот ми е детето...

Си велам, Боже Господе, како да им помогнам на луѓево да разберат дека има некои улоги кои не се споредуваат? Може на прво место да ви е и партнерот и детето, ама на различен начин.

Како да ни се партнерите само за приплод, па ние стануваме родители и веќе не сме важни едни на други.

nasha-doktorka-semeen-psihoterapevt-partnerot-ne-treba-da-vi-e-na-vtoro-mesto-po-decata-ako-chekate-da-porasnat-kje-stanete-stranci-02.jpg

Добро е да знаат партнерите дека веќе после првата, втората година максимално, треба да размислуваат, кај сме ние, што сме ние, имаме ли малку време, да ги обновиме сеќавањата на нашиот партнерски однос.

Ако чекаат да поминат 10-15 години, децата да пораснат, одеднаш ќе се најдат како странци.

Статистиката вика дека најголем број бракови се разведуваат после прва година, тоа се оние партнери кои брзо донесуваат одлуки, немале време, не профункционирал бракот туку било набрзина.

nasha-doktorka-semeen-psihoterapevt-partnerot-ne-treba-da-vi-e-na-vtoro-mesto-po-decata-ako-chekate-da-porasnat-kje-stanete-stranci-06.jpg

Потоа седмата година од бракот, кога ќе тргнат децата во училиште, па на неколку часа се растеретуваат обврските, бидејќи се во друг систем децата.

И потоа во период на адолесценција, на 15-16 години, кога децата се осамостојуваат и не сакаат веќе мајки како хеликоптери да ги облетуваат, најчесто мајки, меѓутоа и татковци.

И одеднаш ние не знаеме што да правиме со себе...“

Погледнете го целото гостување: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Наша адвокатка по згрозувачката случка: „Дали си ги видовте децата насилници на видеото? Горди сте? ... „Да не случајно ти како татко креваш рака на мајката? Ја кубеш за коса и и лепиш...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобу... „Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно...

Најчитани неделава