Тон љубов и семејни вредности во фокус: Доктор Горан топи срца со фотосесијата со сопругата и двете дечиња
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
Доктор Горан направи семејна фотосесија во Германија со своите сакани. Нормално, ѕвезда на фотосесијата е неговиот новороден син Константин, кој наполни 4 месеци, а веднаш до него е неговиот постар брат Себастиан (5). Покрај медицински совети, доктор Горан промовира и вистински семејни вредности.
фото: Du bist ein Wunder
Доктор Горан Трајковски се прослави на Инстаграм со видеата и објавите во кои ги едуцира своите следбеници на теми од медицината, но и со забавното прикажување на неговото секојдневие во Германија.
Тој во јули, на забавен начин, на своите следбеници им соопшти убава вест, дека во семејството добиле принова.

Сега, тој и неговата сопруга Александра, освен првородениот Себастиан, имаат уште еден член на семејството, синот Константин.
Доктор Горан тогаш сними видео, заедно со Себастиан, за да ја сподели веста за приновата.
Сега, доктор Горан направи фотосесија со својата сакана и двата сина.

Тон љубов и семејните вредности во фокус, едноставно прекрасно, зарем не?
Погледнете ги фотографиите:





С. С. | Црнобело
Фото: Du bist ein Wunder