Златко Јовановски со емотивна исповед: „Доживеав банкрот на 21 година, 6 месеци чекав некој да остави капар за фустан“

„Отворав сам секој ден, дотеран зашто чекав клиенти. Секој ден ентузијастички верував дека некој ќе дојде на врата, ќе остави капар. Ни на крај памет не ми беше дека за 6-7 месеца ќе имам само 3 нарачки и дека ќе морам да затворам“,  вели Златко за своите неуспешни почетоци во 2016-та година.

zlatko-jovanovski-so-emotivna-ispoved-dozhiveav-bankrot-na-21-godina-6-meseci-chekav-nekoj-da-ostavi-kapar-za-fustan-01.jpg

Нашиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, е еден од најуспешните модни креатори во земјава.

Тој во својата кариера, креираше и за светски ѕвезди, имаше ревии во Кина, Париз, Лондон, негови креации се најдоа на насловни страни и во модни едиторијали на познати модни списанија, а за него пишуваше дури и Vogue.

zlatko-jovanovski-so-emotivna-ispoved-dozhiveav-bankrot-na-21-godina-6-meseci-chekav-nekoj-da-ostavi-kapar-za-fustan-09.jpg

Но, она што денес е успешна приказна, со која се гордее тој, неговите најблиски и целата јавност, сепак на почетокот, во 2016-та година, не делувала толку гламурозно.

Со неколку фотографии на Инстаграм Стори, Златко се потсети на првото ателје во Скопје во 2016-та, кога имал само 21 година, и како по само неколку месеци банкротирал.

Сепак, со својата упорност, истрајност, верба во себе, и малку инает дека некои работи мора да се случат, тој денес е високо на модната сцена, а за неговите креации се зборува наголемо.

zlatko-jovanovski-so-emotivna-ispoved-dozhiveav-bankrot-na-21-godina-6-meseci-chekav-nekoj-da-ostavi-kapar-za-fustan-10.jpg

Златко својата приказна ја раскажа детално, а објавата ја напиша на тетовски дијалект, како што зборува и самиот тој:

„На денешен ден во 2016 година, на мој 21 години, го отворив моето прво ателје во Скопје. Во строг центар. На плоштад…

Со мајчка „Couture Is Not Dead“ (Високата мода не е мртва) и со неколку креации закачени во луксузниот ентериер, ги пречекав сите што дојдоа да ми честитаа и да ми посакаа бериќет!

У тој минут мојата желба беше исполнета и мислев дека работата е завршена! Ама тоа беше само еден старт.

zlatko-jovanovski-so-emotivna-ispoved-dozhiveav-bankrot-na-21-godina-6-meseci-chekav-nekoj-da-ostavi-kapar-za-fustan-08.jpg

Памтим дека тогаш првпут сам тргав по материјали у Истанбул!

Со автобус се возев 12 часа, спиев у хотел со 1*, ама пресреќен што имав толку избор и сакав буквално све да купим!

Едвај чекав да напраем нови креацие.

zlatko-jovanovski-so-emotivna-ispoved-dozhiveav-bankrot-na-21-godina-6-meseci-chekav-nekoj-da-ostavi-kapar-za-fustan-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мандар си го нишка новороденчето, Ивона Јо се бакнува со сопругот: Што прават македонските ѕвезди де... Стефан Лазаров прослави 29-ти роденден, а Катарина Ивановска беше на одмор на ос...
Бојана Скендеровски (41) му го прослави роденденот на сопругот (55) на Тенерифе, па откри која жена ... Утре, на Денот на вљубените, Бојана Скендеровски ќе го прослави својот 42-ри род...
Елена Стојчевска на денот на кафето: „Кафе сама во тишина, кафе со семејството - за мене ова е најуб... Елена Стојчевска е битолчанка која живее во Амстердам веќе неколку години и која...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...
Викторија Лоба во ретка пригода проговори за односот со татко ѝ: „По разводот на моите, не бев толку... Викторија Лоба е родена во градот Таганрог, родното место на познатиот руски пис...
Внукот на Владо Јаневски: „Се случи многу брзо, но секогаш имаше време за нас, а за него ми се јавиј... „Неговиот ден се сведуваше на пишување текст, здрава исхрана и добар тренинг. То...

Најчитани неделава