Бојана Скендеровски (41) му го прослави роденденот на сопругот (55) на Тенерифе, па откри која жена ѝ е идол во животот
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Утре, на Денот на вљубените, Бојана Скендеровски ќе го прослави својот 42-ри роденден, а неодамна во егзотична атмосфера го прослави роденденот на сопругот со двете деца.

Бојана Атанасовска-Скендеровски која утре (14.02) полни 42 години, во јануари годинава го прослави 55-иот роденден на сопругот со патување на Тенерифе со децата.

Таму, во пријатна атмосфера дуваа роденденски свеќички.

Инаку, Бојана публиката ја запозна преку шоуто „Плеј – потрага по ѕвезда“ (М2) во 2002 година.

Во 2003 победи на Макфест со песната „Немам одбрана“, што ѝ донесе уште поголема популарност, а, пак на крајот од 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, таа го одржа својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“, со кој прослави 23 години на сцената.

Бојана себеси се смета за силна жена, а неодамна во ТВ гостување во емисијата „Нешто конкретно“ изјави од кого ја наследила таа карактеристика.

Бојана вели:
„Растев со баба која што беше доминантен тип во куќата, која што навистина беше еден амбициозен тип.
Таа иако беше слепа од 12 години, од војната, по неа се водев дека ако си доволно упорен, амбициозен и храбар во животот, ќе можеш да ги постигнеш работи кои што си ги замислил“.

Повеќе фотки од јануарскиот одмор на Тенерифе:


