Македонка работи во хотел во Малта: „Гости од Германија правеле нудли во бокал во соба, Французинка побара нож да сече лубеница“

Изгледа не се само Балканците со необични хотелски манири, Бојана од Македонија споделува ситуации од работата во хотел во Малта: „Гостите – германски пар – секој ден по неколку пати вареле нудли за да заштедат на храна. Искрено, не очекував некој да помине 10 дена во хотел и речиси целосно да се храни со нудли. Интересно е што хотелот е целосно распродаден, а само четири гости имаат доплатено појадок“.

bojana-od-skopje-raboti-vo-hotel-vo-malta-gosti-od-germanija-pravele-nudli-vo-bokal-vo-soba-francuzinka-pobara-nozh-da-seche-lubenica-01.jpg

Бојана Стојчевска е Македонка, која неколку години живее во Малта, а моментално работи во одделот за човечки ресурси во хотел со 4 ѕвезди.

На својот LinkedIn профил, таа често споделува ситуации од секојдневието и животот во Малта, најчесто такви кои ја шокираат, но и ја тераат да се замисли за одредени бизнис и менаџмент теми од реалноста.

Во една од објавите, таа зборува за тоа со каков тип на гости од светот се има соочено, но и за тоа колку е променет туризмот и колку луѓето целат кон тоа да патуваат повеќе, а да трошат помалку.

Во продолжение нејзината објава во целост:

Малта: Нудли туристи и лути сопственици на бизниси

Изминатава година работам како HR во хотел со 4 ѕвезди. Сѐ беше вообичаено и немав многу допирни точки со гостите, сѐ до моментот кога почнавме да го подготвуваме отворањето на нашиот втор хотел.

Патем, отворањето е утре – голем успех за компанијата и резултат на многу месеци работа.

bojana-od-skopje-raboti-vo-hotel-vo-malta-gosti-od-germanija-pravele-nudli-vo-bokal-vo-soba-francuzinka-pobara-nozh-da-seche-lubenica-02_2.jpg

Мојот дел од проектот – регрутација, селекција и формирање на нов тим – е речиси завршен.

Додека колегите од другите оддели интензивно ги обучуваат новите вработени во новиот објект, мене ми припадна дополнителна улога, покрај моите редовни обврски, ја презедов и рецепцијата.

Тоа значеше едно нешто: директен контакт со гостите.

И навистина, за кратко време видов ситуации кои не би ги очекувала ни на сон.

Првиот шок го доживеав кога девојките од housekeeping ме повикаа во една соба затоа што електричен бокал за малку не предизвикал пожар.

На крајот се покажа дека гостите – германски пар – секој ден по неколку пати вареле нудли за да заштедат на храна. Искрено, не очекував некој да помине 10 дена во хотел и речиси целосно да се храни со нудли.

bojana-od-skopje-raboti-vo-hotel-vo-malta-gosti-od-germanija-pravele-nudli-vo-bokal-vo-soba-francuzinka-pobara-nozh-da-seche-lubenica-06_copy.jpg

Само два дена подоцна, лут сопственикот на ресторанот дојде да пријави дека група британски гости „позајмила“ прибор за јадење без да праша. Подоцна приборот беше пронајден во нивната соба, заедно со неколку чинии од ресторанот.

А, врвот го доживеав денес.

Гостинка од Франција дојде на рецепција и љубезно побара нож за да исече лубеница. Купила цела лубеница од маркет затоа што исечените парчиња биле поскапи.

Од друга страна, сопственикот на ресторанот е незадоволен затоа што гостите не ги користат неговите услуги, па наплаќа по 1 евро за користење прибор. Гостите, пак, наоѓаат свои начини да ги намалат трошоците.

Интересно е што хотелот е целосно распродаден, а само четири гости имаат доплатено појадок.

bojana-od-skopje-raboti-vo-hotel-vo-malta-gosti-od-germanija-pravele-nudli-vo-bokal-vo-soba-francuzinka-pobara-nozh-da-seche-lubenica-03_2.jpg

Ова ме натера да размислам.

Проблемот не е во нудлите, лубеницата или приборот за јадење. Проблемот е што туризмот се менува.

Хотелите се полни, но потрошувачката по гостин сѐ повеќе се намалува. Луѓето патуваат повеќе од кога било, но истовремено бараат начини да потрошат што е можно помалку.

За туристите тоа е паметно управување со буџетот.

За хотелите, рестораните и локалните бизниси тоа е нова реалност на која ќе мора да се прилагодат.

Прашањето повеќе не е колку гости ќе дојдат.

Прашањето е: како ќе создадеме вредност за гостите така што тие ќе сакаат да потрошат повеќе, а не само да преспијат кај нас.

bojana-od-skopje-raboti-vo-hotel-vo-malta-gosti-od-germanija-pravele-nudli-vo-bokal-vo-soba-francuzinka-pobara-nozh-da-seche-lubenica-04_2.jpg

M. M. | Црнобело

Фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава