Јован Јованов објави прва фотографија со девојката - Имаат врска на далечина, го посетува во Канада
- Детали
- четврток, 30 октомври 2025
Јован Јованов е во среќна љубовна врска, откако откри дека се развел од сопругата уште во 2018-та година.

Пејачот и продуцент Јован Јованов и неговата девојка, Тиана Димова, објавија прва заедничка фотографија од Макфест на Инстаграм Стори и со тоа јавно потврдија дека се заедно.
Тиана е пејачка, со која Јован е подолго време во љубов.

Бидејќи тој веќе една деценија живее во Торонто, врската со Тиана ја одржуваат на далечина.
На нејзиниот Инстаграм профил има неколку фотографии од Канада, кои се направени кога таа била да го посети Јован, а во Торонто и за дочекот на 2025-та година.
Парот неодамна беше на патување во Сингапур, но фотографиите оттаму ги објавија со еден месец разлика - таа во мај, тој во јуни.

Тијана има свој бенд „Трета смена“, со кој многу често настапува низ Македонија.
Таа лани пееше на Макфест, каде што ја испеа песната „Сто пати“.
Обожава да патува и на нејзиниот профил може да се видат и многу фотографии од различни дестинации низ светот.