Оглас за работа во CRNOBELO.com: Автор на содржини

Драги наши! CRNOBELO.com го проширува својот тим и отвора можност да станете наш надворешен соработник. Доколку имате страст за пишување, вие сте на вистинското место!

vrabotuvame-avtor-na-sodrzhini-vo-crnobelo-com-_copy.jpg

Бараме личност која редовно го следи и добро го познава нашиот портал, со креативен ум и способност да процени и предвиди интересни теми на кои ќе истражува и пишува, а со своето знаење и искуство ќе придонесе за квалитетна содржина.

Работни обврски:

  • Креирање содржини за порталот – забавно информативни теми, локални приказни, интервјуа, животни стории и останати теми кои ги опфаќа CRNOBELO.com
  • Проверување и потврдување на точност на информации и факти
  • Комплетно уредување на содржините до објавување на истите (пишување и уредување на текст и обработка на фотографии)
  • Постојано следење на светските трендови на сродните онлајн медиуми.

Потребни квалификации:

  • Задолжително минимум 3 години претходно работно искуство во онлајн медиум
  • Завршено ВСС (Новинарство, Филолошки и други сродни факултети се предност)
  • Способност за пишување и уредување на квалитетни текстови, колумни, подготовка на интервјуа
  • Беспрекорно познавање на македонски јазик и правопис
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на српски јазик.
  • Познавање на MS Office
  • Aктивно користење на социјални медиуми
  • Искуство со Joomla ќе се смета за предност
  • Искуство со алатки за уредување на фотографии ќе се смета за предност
  • Посветеност и одговорност кон обврските.

Напомена: Работната позиција е за надворешен соработник, без потреба за секојдневно присуство во нашата канцеларија во Скопје. По потреба се договараат средби за состаноци, интервјуа и останати обврски.

Апликацијата треба да содржи:

  • CV (кратка биографија за вас и вашите стекнати знаења и искуства)
  • Референци – линкови до ваши претходно објавени текстови.

Апликациите испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 04.11.2025 година.

Бидејќи не сме во можност да одговориме на сите апликации, ќе бидат контактирани само кандидатите кои се во потесен избор.

Забелешка: Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на ЦРНОБЕЛО МЕДИА ДООЕЛ и тоа само за процесот за селекција на кандидатите, а по завршување на истиот, податоците ќе бидат избришани.

Имате право во секое време да ја повлечете апликацијата и/или да побарате стопирање на процесот на обработка на податоците со едноставно поднесување на барање на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Би можело да ве интересира:

Наш пастор со ќерката во раце: „Еден ден Петра на тој некој ќе му зборува 'Tате ме чуваше вака, ме с... „Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој: Тате мој правеше вака... Тате мој ме...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg