„Аеродром за Панчо“ - МЗТ и навивачите кренаа транспарент во негова чест, во салата молк и емоции

Пред натпреварот, на трибините кои се вообичаено гласни - молк! Облечени во дресови од клубот, навивачите на МЗТ кренаа транспарент посветен на музичарот: „До последна стотинка, плаво-бел во крв и ДНК. Почивај во мир Панчо“.

emotivni-sliki-kosharkarite-i-navivachite-na-mzt-mu-oddadoa-pochit-na-pancho-dve-nedeli-po-smrtta-01_copy.jpg

Владимир Блажев - Панчо беше страстен навивач на МЗТ, кошаркарскиот клуб од неговата населба Аеродром и низ годините често одеше на нивните натпревари.

Дури и кога не можеше да ги следи во живо од трибините, знаеше да им испрати порака во знак на поддршка, а и во интервјуа да каже дека МЗТ му е во срцето.

emotivni-sliki-kosharkarite-i-navivachite-na-mzt-mu-oddadoa-pochit-na-pancho-dve-nedeli-po-smrtta-05.jpg

Две недели по неговата смрт (14 октомври), кошаркарите и навивачите на клубот, решија да се простат достојно од него, за последен пат.

Преку Фејсбук страницата „Фамилија Аеродром“, која ги поврзува сите навивачи на клубот, тие најавија дека пред натпреварот МЗТ Скопје - Куманово, сите заедно ќе се простат од Панчо.

„Аеродром за Панчо. Натпревар во кој ќе оддадеме почит на Панчо, аеродромец кој вистински го сакаше МЗТ. Апелираме да се носат црни обележја“ - пишува во нивната објава.

А пред натпреварот, на трибините кои се вообичаено гласни - молк!

Облечени во дресови од клубот, навивачите на МЗТ кренаа транспарент посветен на музичарот.

emotivni-sliki-kosharkarite-i-navivachite-na-mzt-mu-oddadoa-pochit-na-pancho-dve-nedeli-po-smrtta-02.jpg

„До последна стотинка, плаво-бел во крв и ДНК. Почивај во мир Панчо“ - пишува во пораката.

На теренот, пак, кошаркарите стоеја покрај голема фотографија од Панчо, висока околу два метра.

emotivni-sliki-kosharkarite-i-navivachite-na-mzt-mu-oddadoa-pochit-na-pancho-dve-nedeli-po-smrtta-01_1.jpg

Таа фотографија, потоа ја качија на трибините во чест на својот страстен навивач.

emotivni-sliki-kosharkarite-i-navivachite-na-mzt-mu-oddadoa-pochit-na-pancho-dve-nedeli-po-smrtta-03.jpg

Ова е втор поздрав од навивачите на МЗТ до Панчо, кои веднаш по веста за неговата смрт, на натпревар дојдоа со траспарент: „Почивај во мир“.

emotivni-sliki-kosharkarite-i-navivachite-na-mzt-mu-oddadoa-pochit-na-pancho-dve-nedeli-po-smrtta-04.jpg

Прочитајте и Татко кој се гордееше со синовите, хуманитарец кој двоеше од себе за оние што немаат - Сеќавање на Панчо од ДНК

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава