Татко кој се гордееше со синовите, хуманитарец кој двоеше од себе за оние што немаат - Сеќавање на Панчо од ДНК

За јавноста беше Панчо, но за синовите - тато. За оние кои доаѓаа на неговите диџеј сетови беше DJ Shorty, но за пријателите - џуџе. А сите го знаеја како голем борец, хуманитарец кој двоеше од себе за да им помогне на оние кои имаа помалку од него. Владимир Блажев, кој почина на 14.10.2025, засекогаш ќе остане синоним за човечност и добрина.

sekjavanje-na-panco-01.jpg

Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК, почина на 46 години, седум месеци по страшниот пожар во Кочани, во кој се здоби со изгореници по лицето и телото, а во кој почина и неговиот музички брат Андреја Ѓорѓиески.

sekjavanje-na-panco-14_copy.jpg

Седум месеци Панчо се бореше храбро. Седум месеци семејството, пријателите, луѓето кои соработуваа со него, но и оние кои никогаш не го сретнале, се надеваа дека ќе ја добие големата битка и ќе излезе од болница, ќе почне „втор живот“.

Сега е на небото, заедно со мајка му која ја обожаваше и чија смрт никогаш не ја прежали, но и со Андреја, Сара и останатите членови на бендот кои ги загубија животите во пожарот во Кочани на 16 март 2025-та.

sekjavanje-na-panco-05_copy.jpg

Кога ќе се спомене името на Панчо, една од првите асоцијации е „човекот со големо хумано срце“. А веднаш до неа се и „пожртвуван татко на Андреја и Марјан“, „огромен фудбалски фан“ и „вљубеник во патики“.

Ова, сепак е само дел од она што беше Панчо.

sekjavanje-na-panco-25_copy.jpg

Роден е на 29 јули 1979 година во Скопје.

Малкумина знаат дека негов полубрат (по татко) е Зоран Блажевски, култен градски лик познат како Зоки малиот од Џубокс, а за кого велат дека ги поставил темелите на урбаниот ноќен живот во градот.

sekjavanje-na-panco-15_copy.jpg

Панчо отсекогаш ја сакал музиката.

Кариерата ја почна во „ОК бенд“, а „Непристоен предлог“ беше еден од нивните најголеми хитови.

Но, во тоа време се запозна со Андреј, кој тогаш членуваше во „ТНТ“.

Во 2001-ва година ја снимија првата заедничка песна, „Девојка за везден“ и со тоа почна приказната која траеше повеќе од две децении.

sekjavanje-na-panco-38_copy_copy.jpg

Песната ја направи Александар Ристовски - Принц, кој им предложил да се викаат „ДНК“.

Вториот сингл „Благодарам однапред“ стана вистински евергрин во македонската музичка ризница.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
„Ме викаше тате, толку бевме блиски“ - Наум Петрески не може да ги сопре солзите, првпат зборува за ... „Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав, имаше лавовско срце и н...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg