Идеи за уникатни, персонализирани подароци за слава, од македонските мали бизниси
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
Бонбониера со икона и чоколатца со натпис, кутија како книга со икона и натпис по желба со шише за ракија, уникатно декорирано шише за вино со слика од светецот и уште многу други уникатни подароци со кои може да ги израдувате домаќините на претстојните слави.

Почнува сезоната на есенски и зимски слави, па доколку оваа година сакате да однесете уникатен подарок кај вашите блиски, имаме предлози за вас.
Македонските мали бизниси на Инстаграм продаваат многу рачни изработки или испечатени и декорирани подароци, персонализирани соодветно на празникот кој се слави.
Голем дел од брендовите веќе се подготвени за претстојната слава Св. Димитрија односно Митровден со спремни подароци, но доколку сакате, може да го персонализирате и по ваша желба за сите слави кои следуваат.
Секако, имајте на ум дека треба порано да ги контактирате.