„Слава ти Боже!“ – Сузана Спасовска го прослави 61-иот роденден, за неа годините се само бројка
- Детали
- вторник, 26 август 2025
„Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61 (ха-ха)... Ама, не, сепак вака си е најдобро. Единицата малку изгоре, па заличи и на седмица, но има време до 7…“, напиша Сузана Спасовска со роденденските фотографии.

Сузана Спасовска, нашата фолк кралица која од 80-тите години ја негува македонската песна, на 24-ти август наполни 61 година, а го прослави и својот именден.
Сузана позната е по својот специфичен моден стил, за кој вели дека отсекогаш храбро експериментирала, но и по младешкиот изглед.

Таа сега на 61 година изгледа како за неа времето како да застанало.
На својот Фејсбук профил објави роденденски фотографии како дува свеќички и напиша:
„Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки?
16 наместо 61 (ха-ха)... Ама, не, сепак вака си е најдобро.
(Единицата малку изгоре, па заличи и на седмица, но има време до 7), а тортата ќе ја пробам на 28.08.

Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка, ми беше како светлина, што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови, ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене.
Ви благодарам!
Слава ти Боже!“


