Каролина и сопругот Михаил на патување во Јапонија - Го истражуваат Токио, уживаат во локално виски (фото)
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
Од опуштени прошетки во паркови, преку истражување музеи со изложби на познати светски, но и локални уметници, до посета на традиционални јапонски барови каде што уживаа во вкусот на локалното виски - Каролина и Михаил уживаат во Токио.

Пејачката Каролина Гочева и нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин се на патување во Јапонија.

Парот замина во земјата на изгрејсонцето само неколку дена откако Михаил го имаше отворањето на својата изложба „Артокенс генеза“ во Скопје, а на која ја промовираше и книгата „Артокенс“.
Скоро една недела Каролина и Михаил го истражуваат Токио - од прошетки во паркови, преку музеи со изложби на познати светски, но и локални уметници, до посета на традиционални јапонски барови каде што уживаа во вкусот на локалното виски.

Сопружниците на своите профили на Инстаграм секојдневно споделуваат фотографии и видеа од Токио, а преку објавите ги доближија и своите следбеници и пријатели до сето она што тие го гледаат и доживуваат во Јапонија.

Погледнете повеќе фотографии:



