Каролина Гочева (45) и Живкица Каленикова (47) блескаат во младешко издание, покрај нивниот пријател Дадар
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
Тие се прекрасни кога се нашминкани од рацете на Дадар, но и блескаат со природна убавина во многу пригоди. Овојпат си имаа заедничка дружба со нивниот долгогодишен пријател Дадар. Каролина и Живкица дефинитивно се дел од нашите најубави познати дами!

Каролина Гочева (45) и Живкица Каленикова (47) се долгогодишни пријателки со стилистот Александар Билјановски Дадар и секогаш му веруваат нему и на неговите магични раце кога е изгледот во прашање.

Па, така беше и овојпат кога двете го посетија неговото студио и блеснаа со младешки сјај и дискретна шминка.

Но, двете дами блескаат и без грам шминка на себе.


Сепак, Каролина, кога станува збор за музичките настапи, и Живкица, за водителските ангажмани, секогаш сакаат последниот збор да го има Дадар.


Каролина веќе долги години ужива во бракот со Михаил Корубин, а Живкица со Зоран Калеников, со кој има 3 деца.


