Каролина полни 46 години, Дадар роденденски открива детали за неа: „Искрена до коска, голем другар“
- Детали
- вторник, 28 април 2026
„Горд сум што сум дел од твојата приказна сите овие години - не само како твој шминкер, туку како некој што те знае вистински. Нашите моменти, слики и спомени се доказ за едно убаво патување што сѐ уште трае“, напиша Дадар на Инстаграм и објави неколку фотографии со Каролина, направени низ годините.

Поп-принцезата Каролина Гочева денес полни 46 години.
Иако во јавноста е секогаш одмерена, внимателна и насмеана, нејзиниот голем другар Дадар, преку објава на Инстаграм, реши да открие и мал дел од тоа каква е Каролина приватно.

Преку заеднички фотографии и порака, тој ѝ го честиташе роденденот, и напиша дека е горд што не ѝ е само шминкер, туку што изградиле врска на вистински и блиски пријатели.

На Инстаграм, Дадар напиша:
„Среќен роденден на македонското девојче со магична насмевка што освојува без зборови…
Голем другар, искрена до коска, внимателна на секој детаљ – ретка комбинација што те прави толку посебна и обожавана од сите.
Горд сум што сум дел од твојата приказна сите овие години - не само како твој шминкер, туку како некој што те знае вистински.

Нашите моменти, слики и спомени се доказ за едно убаво патување што сѐ уште трае.
Ти посакувам уште повеќе светлина, љубов, успех и моменти што ќе ти го полнат срцето како што ти ги полниш нашите.
Секогаш твој“

А. Ј. | Црнобело