Ана Стојанова се пресели на 1 месец во Дубаи – ја покажа гарсоњерата каде ќе живее, со поглед од 22 кат (фото+видео)
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
„Хабиби, се преселив 1 месец во Дубаи... Можеби мислите дека ова е обична гарсоњера, ама да ве убедам во спротивното“ – вели Ана и отвора врата од плакар каде е скриена кујната, а од терасата на 22 кат има спектакуларен поглед и открива што сè има во зградата.

Ана Стојанова, која работи како онлајн фитнес тренер, како и многу други од оваа индустрија, одлучи да проба живот во Дубаи.
Таа засега е преселена таму привремено, односно ќе престојува 1 месец.

На Инстаграм објави видео во кое ја соопштува веста на фановите, а воедно прави и мини тура на станот каде што е сместена.
Ана ја покажа гарсоњерата, во која кујната се крие зад лизгачка врата како од плакар, но погледот кон Дубаи марината од тераса е спектакуларен.

Таа открива дека во зградата има и теретана, каде што уште првиот ден почнала да вежба, а накратко го покажа и базенот.

Во видео турата, Ана вели:
„Хабиби, се преселив еден месец во Дубаи. Ајде да ви кажам каде сум сместена.
Навидум може си мислите ова е една обична гарсоњера, но ајде да ве убедам во спротивното. Што мислите, што се крие зад оваа врата? Цела кујна!
Повелете во мојата дневна соба. Вчера ми беше прв ден, ама го преспав, што значи официјално денес ми е прв ден.

Теретаната ми е во зградата, тоа е многу голем плус, мислам дека во скоро секоја зграда во Дубаи имате и сопствена теретана.
Јас се наоѓам на 22 кат, а теретаната ми е на први. Ајде да ве носам таму.
Си имам и соба за ѓубре, не мора да барам контејнери. Не ви спомнав дека во самата зграда одма до фитнес центарот имаме и приватен базен.
Не сум сигурна колку можам да снимам, ќе снимам додека некој не ми се развика или не платам казна.

Не знам колку може да видите, ама малку е непријатно да ги снимам луѓето додека вежбаат, ова е теретаната, ќе гледате почесто сториња од тука деновиве.
Сега си одам, чао чао“.
Погледнeте го видеото:
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм Ана Стојанова