Каролина и сопругот Михаил прегрнати и заљубени во Јапонија - Од модерното Токио дојдоа во традиционалното Кјото
- Детали
- среда, 12 ноември 2025
Каролина на Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа од Кјото, а на едното од нив го прегрнува сопругот, и преку насмевката на нејзиното лице може да се види колку е среќна.

Каролина Гочева и Михаил Корубин се на патување во Јапонија, кое почна во Токио, а продолжи во Кјото.

Од футуристичкиот град со многу сообраќај, облакодери, гужва и луѓе кои брзаат секаде, тие заминаа во многу помалиот Кјото, град кој дише со историја и јапонски дух.

А тука, Каролина и Михаил вистински уживаа во источната култура и традиција.

Освен што посетија неколку туристички локации, имаа можност да се прошетаат низ градот каде што, на места, и денес може да се видат жени во традиционални кимона.

Каролина на Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа од Кјото, а на едното од нив е го прегрнува сопругот, и преку насмевката на нејзиното лице може да се види колку е среќна и заљубена.

Михаил, пак, во исто време објави видео направено додека биле во Токио, во музејот Lab Planets.

Погледнете повеќе фотографии:








Прочитајте и Каролина и сопругот Михаил на патување во Јапонија - Го истражуваат Токио, уживаат во локално виски (фото)
А. Ј. | Црнобело