Нашиот Марјан Петров ја нашминка Лепа Брена во Белград: „Ме пречека во нејзиниот дом, среќна фамилија се“
- Детали
- петок, 14 ноември 2025
„Брена ми отвори врата кога дојдов во куќата каде што живее, а потоа ме пречека со кафе. Живее како светска ѕвезда, има многу камери, обезбедување“ - откри Марјан Петров за CRNOBELO.com, кој вчера отиде во Белград специјално за да ја нашминка балканската дива.

Нашиот фризер и шминкер Марјан Петров, последниве неколку години е многу баран од регионалните ѕвезди, па освен што се грижи за нивниот изглед кога ќе дојдат во Македонија, тие го канат и во Белград, за да ги разубави за важни настани.
А една меѓу нив е и Лепа Брена, која долги години соработува со Марјан.
Марјан во домот на Брена
Таа летово повторно била воодушевена од шминката и фризурата што ѝ ги направи за концертот во Охрид, и тогаш му рекла дека ѝ е жал што не е во Белград за да ја шминка почесто.
Но, по неколку месеци, балканската дива му ги отвори вратите од својот дом на Марјан и го покани да ја нашминка за голем настан - промоција и модна ревија на италијански моден бренд кој првпат влегува во Србија, а кој го носи нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ.

Марјан ја шминкал Брена кај неа дома, во куќата на Бежаниска коса, а за CRNOBELO.com, откри неколку детали.
„Уште мината недела ме исконтактира преку нејзиниот син и ме поканија да дојдам во Белград за да ја нашминкам.
Брена ми ја отвори вратата кога дојдов во куќата каде што живеат, а потоа ме пречека со кафе.

Искрено, ми делува дека се многу среќна фамилија, имаат многу топол дом.
А Брена живее како светска ѕвезда, во дом со многу камери, обезбедување.

Таа ме запозна со Боба, со Александра Пријковиќ, а син ѝ дојде ѝ ми кажа дека многу убаво сум ја нашминкал.
Заедно отидовме на ревијата, каде што и новинарите и фотографите ја дочекаа како вистинска ѕвезда, а потоа и на афтерпарти.

Цела вечер ја поминав со нејзиното семејство.
Ова ми отвори многу врати во Србија“, ни кажа Марјан.


Прочитајте и Шминкерот Марјан Петров ја разубави Лепа Брена за концертот во Охрид - сподели фотки од гардеробата на пејачката
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело