Горан Папаз, татко на предвремено родена тројка: „Девојчињата беа месец и пол во болница, Лазар го чуваа бабите и дедовците“

„Првото нешто што го направивме пред да се родат, обезбедивме возило, седмосед, и пак не нè собира“ – се шегува Горан и вели: „Не ги делиме работите на машки и женски, туку на кој може да ги заврши. Не е ништо комплицирано да промениш пелена, да избањаш бебе. Мене многу ми е убаво тоа, така се поврзуваш со нив. Не треба жените по дифолт да имаат повеќе обврски од мажот во домаќинството“.

goran-papaz-tatko-na-predvremeno-rodena-trojka-devojchinjata-bea-mesec-i-pol-vo-bolnica-lazar-go-chuvaa-babite-i-dedovcite-01.jpg

Нашиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа на 30.12.2024 станаа родители на тројка, а бебињата ги крстија Лена, Луна и Лазар Папаз.

goran-papaz-tatko-na-predvremeno-rodena-trojka-devojchinjata-bea-mesec-i-pol-vo-bolnica-lazar-go-chuvaa-babite-i-dedovcite-08.jpg

По повод Светскиот ден на предвремено родени деца, како дел од кампањата на Бекутан, „Големите приказни на малите херои“, тој зборуваше искрено за нивното искуство со три мали бебиња.

goran-papaz-tatko-na-predvremeno-rodena-trojka-devojchinjata-bea-mesec-i-pol-vo-bolnica-lazar-go-chuvaa-babite-i-dedovcite--.jpg

Горан е посветен татко кој е вклучен целосно во родителството и одгледувањето на децата, а не смета дека мажите треба да помагаат, туку подеднакво да ги делат одговорностите со мајката.

„Не ги делиме работите на машки и женски, туку на кој може да ги заврши. Не е важно кој ќе собере алишта, кој ќе брише прашина.

Си имаме сепак поделено некои обврски, но за бебињата, секој татко треба да си ја преземе одговорноста подеднакво како мајката.

Не е ништо комплицирано да промениш пелена, да избањаш бебе. Мене многу ми е убаво тоа, така се поврзуваш со нив.

Заспивањето, целиот тој процес на растење деца е многу битен. Не треба жените по дифолт да имаат повеќе обврски од мажот во домаќинството.

Зборот помош треба да се исфрли, а во почетокот мој совет е наизменично да дежурате, за секогаш едниот да биде одморен, посебно мајката на која ѝ е потребно тоа по породувањето“ - вели во гостувањето. 

Тој ја започна приказната со моментот кога дознале дека чекаат тројка:

„Секој преглед имавме различна информација. Првиот преглед дознавме дека е бремена, вториот дека се близнаци, а третиот дека се тројка. Една јајце клетка се реплицирала во меѓувреме.

Кога дознавме дека се близнаци бевме многу среќни, сопругата многу сакаше близнаци, а кога дознавме дека е тројка, малку се исплашивме, знаејќи го ризик факторот, посебно за мајката, но и за бебињата, но еве сме тука, сè е ок, среќни и весели“.

За породувањето, но и нивниот напредок и испуштањето дома, тој вели:

„Породувањето помина во најдобар ред, беа доста малечки, девојчињата по 1.100g, а Лазар поголем, 1.700g.

Тој беше во инкубатор, но не со кислородна поддршка, самостојно дишеше, а девојчињата иако дишеа самостојно, имаа маски на лицата, премногу малечки беа.

Секој ден беше нешто ново на почетокот, за среќа на подобро. Но толку се кревки и клиничката слика во 5 минути може да се промени. Нас ете, Универзумот нè чувал и ни дал среќа сè да биде во ред.

Едно по едно ни ги пуштаа, тоа ни одговараше затоа што некако се навикнувавме и припремавме.

Прво го пуштија Лазар, ги испуштаат кога имаат тежина над 1.800g, а девојчињата ги држеа месец и половина, па и нив ги испуштија едно по едно, заради CRP покачено кај Лена, која ни ја пуштија на крај“.

goran-papaz-tatko-na-predvremeno-rodena-trojka-devojchinjata-bea-mesec-i-pol-vo-bolnica-lazar-go-chuvaa-babite-i-dedovcite_2.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg