„Мојата преубава сестра, мојата гордост прослави роденден и пензија“ – Калиопи со емотивна објава за својата Корнелија
- Детали
- среда, 19 ноември 2025
„Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе, Корнелија… Ти честитам мила моја! Те сакам Нели моја, твоја Опи“ - напиша Калиопи и сподели повеќе фотки од својата сестра на која е горда.

Сестрата на Калиопи, Корнелија Буклеска, која работеше како новинарка и уредник на Редакцијата за култура и уметност во Македонското радио, вчера имаше повеќе причини за славење.
Таа го прослави 64-иот роденден, а колегите ја испратија во заслужена пензија, по 37 години поминати во радиото.

„Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст.
Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото.

Taa e и останува храбра жена и понатаму.
Денеска слави 64-ти роденден и заминува во заслужена пензија. Среќно и нека се множат годините, наша Корнелија!
Од срце, МРА“ – стои во Фејсбук објавата на радиото, каде беа објавени повеќе фотографии од испраќањето и заедничката прослава.
Калиопи исто така, полна со емоции, ѝ го честиташе овој голем ден на својата сакана сестра, со која ретко споделува фотографии, но ужива и ги цени заедничките моменти поминати со неа и со мајка ѝ.


Нашата поп дива објави нејзина фотографија, а во описот напиша:
„Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025, го прослави својот роденден и заминувањето во пензија….
Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио.
Кога бев мала, сакав да бидам како тебе, Корнелија…
Ти честитам мила моја!
Сега е време за твојата друга љубов - пишувањето!
Те сакам Нели моја…
Твоја Опи“.
Повеќе фотографии од прославата кои беа објавени од Македонското радио:



M. M. | Црнобело
