„Четирипати си ги пакував куферите, знаев дека аферата за сопругот е измислена“ - Тијана Дапчевиќ искрена за бракот
- Детали
- вторник, 25 ноември 2025
„Имаше кризи. Расправиите биле за глупости, за тешки глупости. Кога се пакував, живеевме на Баново брдо, на шести кат, без лифт. Ги ставав сите куфери пред врата и чекав да дојде“, раскажува Тијана Дапчевиќ за брачните проблеми.

Тијана Дапчевиќ последниве неколку месеци е во центарот на вниманието во регионот, откако почна да ја игра монодрамата „Менопауза“.
Таа е постојано во медиумите, а неодамна беше гостинка и во подкастот на таблоидот „Скандал“, каде што зборуваше на бројни теми, меѓу кои и бракот со некогашниот кошаркар Милан Дапчевиќ.
Милан и Тијана се венчаа во април 2001 година, и во брак се скоро 25 години.

За сето ова време имало и големи турбуленции, несогласувања, кризи, а таа, како што вели „поради својата импулсивност“, дури 4 пати си ги спакувала куферите, но никогаш не го направила тоа со намера да си замине навистина.
„Имаше кризи и имаше доста моменти... јас бев позната по тоа што бев импулсивна, избрзував, избувнував.
Сигурно се пакував едно четирипати, пакував сè“, почнува да раскажува Тијана.

Водителот ја прекинува за да праша дали едно од тие „пакувања“ било врзано со аферата за која се пишуваше во медиумите, дека нејзиниот сопруг имал афера со некоја келнерка.
„Не, тоа знаевме дека е измислено, дека не постои“ - одговара таа.

Таа вели дека ништо не е идеално, па ни во нивниот брак.
„Расправиите биле за глупости, за тешки глупости. Кога се пакував, живеевме на Баново брдо, на шести кат, без лифт. Ги ставав сите куфери и чекав да дојде.
А тој ќе дојдеше и прашуваше: ‘Што е сега пак?’.
Јас не би си заминала никогаш, никогаш и не заминав. Најлесно е да си заминеш“, вели Тијана.

Таа кажа и дека никогаш не го изневерила Милан.
„Никогаш не сум го изневерила сопругот, никогаш не сум ни помислила на тоа. Никогаш не се сомневав во него дали тој ме изневерил“, додава таа.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело
