Тон емоции! Миа Костова се сретна со Леонид, за чие лекување собираше пари - тој ѝ подари статуетка за хуманоста
- Детали
- вторник, 25 ноември 2025
Во 2024 година Миа Костова организираше донаторска акција и за два дена собра 450.000 денари за лекувањето на Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција. Скоро две години подоцна, тие се сретнаа во живо во Скопје.

Миа Костова е голем хуманист и помага секогаш кога може и колку што може. Но, јавноста се сеќава на донаторската акција што таа ја организираше во февруари 2024-та година, за да помогне да се соберат средства за младиот Леонард Индов, кој тогаш имаше 19 години.
Неколку месеци претходно Леонид се повреди при скок во вода, додека бил на летување со другарите во Грција, а од болницата во Солун, беше пренесен на лекување во Австрија, кое родителите сами не можеа да го платат.

Миа се вложи целосно, и за 5 часа успеа да собере 250 донации од македонски бизниси, а потоа за неполни два дена, од тие донации се собраа 450.000 денари, пари кои беа наменети за лекувањето на младото момче.
Во тоа време за Леонид се одржуваа и концерти, хуманитарни настани, спортски активности со хуманитарен карактер.
Денес, Миа и Леонид се сретнаа во Скопје - тој пораснат, но насмеан, а и Миа насмеана и расположена што е седната покрај момчето за кое се бореше.
На средбата од Леонид доби статуетка - две раце кои држат срце и посвета: „Лео од срце ви благодари за вашата човечност и хуманост“.

Миа вели дека оваа статуетка не може да ја победи ниту една друга, а се заблагодари и на сите кои донираа лани и кои помогнаа во лекувањето на младото момче.
Таа сподели и заедничка фотографија со Леонид.
„Една толку емотивна средба, а богами и таква лекција од ова дете, кое еднаш само да го видите, лекциите кои ќе ги научите од него, ќе ви останат засекогаш.
Инаку да, ве поздрави сите кои бевте со мене во идејата да му помогнеме кога беше најтешко. И успеваме во тоа!
Сите да ја имаме енергијата на Лео и другари како неговите. Лео Индов, те сакам,“ напиша Миа.

А. Ј. | Црнобело