Светскиот диџеј Стив Аоки во патики од Сатја Грабулоски на Ф1 викендот во Лас Вегас - Патиките наскоро на аукција!

Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 шампионат, а покрај возачите, една од главните ѕвезди беше светски познатиот диџеј Стив Аоки, кој направи забава и пушташе музика на самата патека.

svetskiot-didjej-stiv-aoki-vo-patiki-od-satja-grabuloski-na-f1-vikendot-vo-las-vegas-patikite-naskoro-na-aukcija-01.jpg

Американецот, кој има настапувано и во Македонија, во Лас Вегас дојде со својата поубава половина, а на црвениот тепих се појави со уникатни патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и брендот SWithaDot.

steve-aoki-06.jpg

Ова е петта соработка на македонскиот дизајнер со светскиот диџеј, односно петти патики со потписот на SWithaDot кои ги носи Аоки.

„На овој начин први Македонци на Ф1 гридот, во форма на 1/1 џорданки.

Стив ми е долгогодишен пријател, веќе има доста 1/1s што сме ги правеле за разни прилики, ама ова беше различно бидејќи тој беше ѕвезда на вечерта.

steve-aoki-02.jpg

Дизајнот на патиките, овој пат е инспириран од неговиот албум и од аниме цртаниот на кој самиот тој е креатор, а се вика Hiroquest.

По ова патиките ќе одат на аукција“, вели Сатја за новата соработка со Аоки.

Повеќе фотографии:

steve-aoki-07.jpg

steve-aoki-05.jpg

steve-aoki-04.jpg

steve-aoki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...
Шминкерот Марјан Петров на луксуз во Сент Мориц: „Ручек е и 300€ по лице, тука е светскиот џет сет“ „Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрз...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...

Најчитани неделава