Крива Паланка е како сцена од новогодишна бајка во пресрет на 2026 (фото+видео)
- Детали
- вторник, 09 декември 2025
Плоштадот во Скопје уште не е украсен, но Крива Паланка и оваа година блесна во полн сјај со огромен број светлечки инсталации – елки, елени, куќички со панделки, кои ја прават атмосферата како да сте во новогодишна бајка.

Веќе неколку години по ред, Крива Паланка е помеѓу најубаво украсените градови во Македонија, дефинитивно како од новогодишна бајка.
Улиците низ градот се украсени со висечки светилки, дрвјата се замотани со сијалички, а има и многу осветлени топки како лампиони.
Покрај тоа, има голема светлечка инсталација со бројки, за претстојната 2026 година, како и куќарка со панделки, срце, голема елка, елен и уште многу други украси кои го прават магичен овој град.
Погледнете повеќе фотографии од празничната атмосфера:






