Хит совети од македонски свадбен фотограф: „Невесто, јади пред свадбата, зету, избричи се рано наутро“

„Невесто, вежбај облекување на венчаницата со другарката што ќе ти помага на самиот свадбен ден. И, да, јади малку утрото, ќе ти треба сила. Младоженецу, ако имаш зурли и тапани и планираш да се качиш на тапан, вежбај претходно качување на тапан...“, советува фотографот Војкан Миленковиќ.

hit-soveti-od-makedonski-fotograf-kako-nevestata-i-mladozhenecot-da-ne-se-iznerviraat-na-svadbenata-fotosesija-01.jpg

Војкан Миленковиќ е свадбен фотограф од Скопје, кој од 2010 година фотографира свадби, а на својот Инстаграм профил споделува корисни совети за најважниот ден за идните невести и младоженци.

Тој вели дека е вљубеник во свадбена фотографија што раскажува приказни, со доза елеганција, и дека на денот на свадбата најважни сте вие, односно дека на вашата свадба вие сте херојот.

hit-soveti-od-makedonski-fotograf-kako-nevestata-i-mladozhenecot-da-ne-se-iznerviraat-na-svadbenata-fotosesija-002.jpg

Дел од неговите совети:

Кај невестата

Фустанот, чевлите и деталите како парфем, накит, китенки да бидат на видно место.

Извежбајте го облекувањето на фустанот со таа девојка или жена што ќе ви помага да го облечете дента.

Ова важи и за чевлите и накитот! Но и за китенките!

Направете го фустанот уште пофотогеничен инвестирајте во убава закачалка.

За невестата

Ако се шминкате во салон, нека ве вози некој до таму.

Нема ништо полошо од тоа да ви се растури шминката (и фризурата) поради нервози во сообраќај.

Спремете си игла, конец и резервни копчиња. Да, може да затребаат.

Земете си и огледало и шминка (кармин, моливче итн.) за корекција.

Наполнете си го телефонот.

За невестата и зетот!

Дајте им ги бурмите на кумот или старосватицата. Да ги причуваат со црква или матично.

Јадете малку од сабајле.

За секој случај спремете чадори.

Извежбајте 3-4 пози за да се подготвите за фотосесијата.

Бонус совет за невестата:

Ако за време на фотосесијата има многу одење, земете си патики. Не сакаше да клинкате со чевлите и не дај боже да свиткате зглоб.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Хит сцена во Скопје: Невеста отиде на гласање во венчaница, па си продолжи на својата свадба „Комплетно гламурозна на гласање“, се пошегува Сандра, која во венчаница, со мла...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Антониа Гиговска и Благица Павловска снимаа спот, шеф Никола го освети домот - Што прават нашите ѕве... Со фотка од снимање спот на која двете изгледаат прекрасно, Антониа Гиговска го ...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава