Александра Шијакоска и сопругот Едмонд го открија полот на бебето – очекуваат синче
- Детали
- недела, 28 декември 2025
„Детето е најголем благослов, без разлика на полот“, напиша Александра Шијакоска на емотивната објава со која откри дека со сопругот Едмонд очекуваат син.

Вчера Александра Шијакоска сподели дека со сопругот Едмонд го очекуваат второто дете.
Инфлуенсерката го откри и полот на бебето со емотивна објава.
На видеото споделено на Инстаграм, Александра, Едмонд и нивното синче го откриваат полот на новиот член од семејството со торта.

Инфлуенсерката и сопругот со чаши отсекоа дел од тортата, а кога го видоа синиот фил, се прегрнаа.
„Нека започне хаосот… на најдобар можен начин“, шеговито стои во описот на објавата.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:
Шијакоска ги сподели убавите вести и на Инстаграм Стори:
„Детето е најголем благослов, без разлика на полот. Во нашата фамилија подеднакво се слави и за едното и за другото.
Се молам и се надевам Господ да нè чува и благослови со здравје и уште мнооогу дечиња (мојот најголем сон)“, пишува на една од објавите.



Спирова С. | Црнобело