Маја Кикириткова го прослави 40-тиот роденден со стил - сопругот ја бакнува, пеат караоке, бела торта и ретро фризура
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
„40-ката подобра и не можеше да биде! Мал круг, големи луѓе… сите на куп“ - напиша модната дизајнерка, која блескаше на својот роденден.

Модната креаторка Маја Кикириткова наполни 40 години, а роденденот го прослави со домашна забава и мал круг блиски луѓе.

Забавата ја направи неколку дена пред Нова година, па во нејзиниот дом, освен роденденската, владееше и празнична атмосфера.

Маја за својот јубилеј избра фустан што ја следи линијата на телото во боја на бургунди (најмодерната за оваа сезона), ретро фризура во стилот на 1920-тите, и златни сандали.

Тортата, пак, беше бела, со златни свеќички. На забавата, Маја запеа, а пееше и нејзиниот сопруг, Александар.
Тој беше покрај неа додека Маја ги дуваше свеќичките на тортата, па на видеото што го сподели на Инстаграм Стори, таа напиша дека не би можела ништо без него.

Кикириткова сподели и неколку фотографии од прославата на Инстаграм.
„40-ката подобра и не можеше да биде! Мал круг, големи луѓе… сите на куп“ - напиша таа.
Погледнете ги фотографиите:




Прочитајте и Љубовната приказна на Маја Кикириткова и Александар: „Сè започна со еден лајк на Фејсбук“
А. Ј. | Црнобело