Бодибилдерката Мери Акиевска чека бебе - направи откривање на полот со торта, пресреќни со саканиот
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
Трикратната светска шампионка во бодибилдинг, Мери Акиевска, ќе стане мајка, а веста дека чека бебе ја откри на Нова година со фотки од тортата покрај која има две кукли бебиња - момче и девојче.

На 31 декември, таа објави неколку фотографии на кои со свршеникот држат фотографии од ехо-преглед, а на кои се гледа дека е бремена.

Мери и саканиот направија и фотосесија за откривање на полот на бебето, па преку натпис на торта дознаа дека ќе добијат девојче.
„Епа, јас вака да ви ги посакам сите убавини на светот во новата 2026 година и да ја испратиме старата вака со убавини.
2025-та беше тешка година ама многу научив и убави моменти и лоши периоди, но на крајот Господ ми подари огромна титула покрај останатите титули што ги имам.

И убаво е љубов да ти е спортот, но не постои поголема љубов и радост од ова.
Да не одолговлекувам, благодарам на Господ што ме води кон овие патишта на среќа.
И посакувам сите луѓе на светот да бидат среќни, здрави, живи, да сакаат и да бидат сакани“, напиша таа.

За потсетување, Мери се сврши во август и тогаш го покажа прстенот штоп го добила од саканиот.
Погледнете ги фотографиите:



А. Ј. | Црнобело
