Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, зошто глумите?“
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
„Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност се ужас... Мислам дека многу луѓе глумат нешто што не се, само затоа што им носи поени кај другите луѓе. Телевизијата многу ми помогна да го сфатам тоа, затоа што сум имала разни гости во студио“, вели Јелена Спенџарска.

Јелена Спенџарска секогаш искрено зборува за подемите и падовите во својот живот, но и за своите ставови кон другите луѓе.
Сега, сподели што ја мачи најмногу, односно како ја вади од такт што многу луѓе глумат тоа што не се.
Нејзината емотивна исповед гласи:
„Имам едно прашање за вас, ама очекувам искрен одговор. Ако сум во право, ако се согласувате со мене – никому ништо.
Ама ако не се согласувате, ако имате поразлично мислење, сакам да го знам тоа...
Нели, ни јас не сум сезнајка, можам да згрешам, можеби си правам филмови во главата.
Но, мислам дека многу луѓе глумат нешто што не се, само затоа што им носи поени кај другите луѓе.

Телевизијата многу ми помогна да го сфатам тоа, затоа што сум имала разни гости во студио.
Мед и млеко им тече од уста – тие се најчесни, сè им е убаво, сè им е сјајно, играат по сите животни правила, а всушност ги познавам лично луѓето.
Имав еднаш една гостинка која, мислам, се бараше себеси помеѓу христијанството и спиритуалноста, не знам точно каде беше.
Ама затоа што христијанството носи многу поени кај нас во публиката, таа одбра да зборува за тоа на камера.
После, кога се исклучија камерите за време на рекламите, таа мене ме убедуваше каде морам да одам во црква ако сум христијанка, ми кажуваше некои христијански правила.

Но, не ми ги кажуваше во стил „Знаеш, вака, онака“ треба како совет, туку ми ги наметнуваше, ме караше.
Дали е тоа христијански? Можеш да му посочиш на човек нешто, ама не со чукање по глава, со мораш, мораш. Не!
Има некои луѓе што ќе осетат дека публиката се пали на нешто и ќе направат цела драма околу тоа.
Тоа веќе им станува идентитет, им носи следбеници, им носи видливост на социјалните мрежи. Ама нема врска со реалноста.
