Романтично запросување на сестрата на Македонецот, победник во „Ѕвездите на Гранд“ - Сандра кажа „ДА“ во вила во Хрватска
- Детали
- среда, 07 јануари 2026
Македонецот Никола Станишиќ е победник во „Ѕвездите на Гранд“ 2025, а сега има уште еден повод за славење. Неговата сестра, Сандра Станишиќ, имаше бајковито запросување со рози и вино во вила во Хрватска.

Македонецот Никола Станишиќ е победник во „Ѕвездите на Гранд“ 2025. Тој е единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, а во своето Волково се врати со победничкиот трофеј.
По победата, прва му честиташе неговата менторка Цеца, која го прегрнуваше и со него ја сподели радоста.
Но, сега во животот на Никола има уште една среќна вест, а тоа е запросувањето на неговата сестра Сандра, која му кажа „ДА“ на својот сакан Мирослав.

Сандра Станишиќ (34) и Мирослав Атанасовски (30) од Скопје во врска се 11 месеци, а запросувањето се случило во Вараждин, Хрватска.

За запросувањето Сандра за CRNOBELO.com вели:
„Сѐ испадна и подобро од очекуваното. Ми изгледаше како да сонувам.
Штом пристигнавме, Мики ме замоли да почекам во автомобилот за тој да провери дали е сѐ како по планот во вилата каде што требаше да одиме и после 5 минути рече во ред е и дека може да влеземе.

И влегуваме во вилата и што да видам - балони, ружи на сите страни, вино, торта...
Инаку баш на тој ден (27.12) ми беше и роденденот.

И си велам сама на себе што повеќе би можела да посакам кога најубавиот подарок веќе го имам, и тоа не за еден ден, не за еден месец, туку за остатокот од мојот живот... Мики е моето делче од сложувалката.

Сега сѐ си е на свое место, тој е мојот мир и спокој во душата и му благодарам што ме направи најсреќна девојка и уште 100 пати да ме праша - би му кажала ДА!“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело