„Првиот Божиќ без тебе, Дади“ - Сестрата на Фросина емотивна една година по нејзината смрт

„Никој не знае дека и јас заминав со тебе тој проклет 29 јануари - затоа што следниот ден станав, се измив, се облеков и продолжив да живеам. Но еден дел од мене засекогаш умре со тебе, Фроси“, напиша сестрата на дизајнерката која прерано го загуби својот живот.

prviot-bozhikj-bez-tebe-dadi-sestrata-na-frosina-emotivna-edna-godina-po-nejzinata-smrt-01.jpg

Семејството Кулакови, родителите и сестрата на Фросина, која загина пред скоро една година на „Партизанска“ откако во неа удри автомобил, го дочекаа првиот Бадник и Божиќ без неа.

Росица, сестрата на младата дизајнерка, чиј живот згасна прерано на 29 јануари 2024, објави заедничка фотографија и емотивна порака.

prviot-bozhikj-bez-tebe-dadi-sestrata-na-frosina-emotivna-edna-godina-po-nejzinata-smrt-02.jpg

На Инстаграм таа напиша:

„Никој не знае дека и јас заминав со тебе тој проклет 29 јануари - затоа што следниот ден станав, се измив, се облеков и продолжив да живеам.

Но еден дел од мене засекогаш умре со тебе, Фроси, и тоа одекнува во секој нов ден.

Загубата не е само еден момент - туку серија од отсуства на кои постојано налетуваш, одново и одново.

Болката и тагата се вгнездуваат во сите ќошиња на душата за кои ни не си знаел дека постојат.

И најобичните моменти стануваат емоционални мини.

prviot-bozhikj-bez-tebe-dadi-sestrata-na-frosina-emotivna-edna-godina-po-nejzinata-smrt-03.jpg

Одболувањето нема ред, нема правила. Болката не познава граници.

Исто како што и твојата љубов не познаваше.

Се надевам дека си таму горе со ангелите - слободна, насмеана и своја.

Само еднаш во животот се среќава душа како твојата.

Бескрајно ми недостасуваш, љубов дадина“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...
„Што и да сторам, џабе ми е“ - Таткото на Фросина Кулакова со траорни зборови за неа и казната затво... „Па, уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна... Сам...

Најчитани неделава