Виолета Томовска наполни 80 години - Семејството го испеа нејзиниот хит „Молитва“ со порака „Те сакаме“
- Детали
- четврток, 08 јануари 2026
„Оваа ‘Молитва' е подарок за 80-тиот роденден на Виолета Томовска, а учесници се музичари и пејачи само од семејството“, напиша нејзината ќерка Невенка и го објави емотивното видео во кое се појавуваат дури 20 музичари.

Фолк-дивата Виолета Томовска го прослави својот 80-ти роденден.

А за да ја изненади за роденденот, нејзината ќерка Невенка, ги собра сите музичари од нивното големо семејство, 20 на број, за заедно да ја испеат и отсвират „Молитва“, една од песните што ја одбележа кариерата на Виолета.
Ќерката Невенка
Невенка го објави видеото на својот Фејсбук, па напиша:
„Оваа ‘Молитва' е подарок за 80-тиот роденден на Виолета Томовска, а учесници се музичари и пејачи само од семејството; успеавме да се собереме.
Композитор: Миле Барбаровски, текст Георги Барбаровски, аранжман Дамир Имери, продуцент Дарко Димитров, организација: Нене и Горан Саздановски.
Славе Димитров
По редослед на појавување: Дамир Имери, Маја Саздановска, Олгица Кошутиќ, Љупчо Мирковски, Бобан Мирковски, Дино Имери, Ади Имери, Влада Драговиќ, Славе Димитров, Оливер Димитров, Дарко Димитров, Горан Саздановски, Никола Крнчев, Будимка Имери, Катица Видец, Ивана Лола Шалипур, Томислав Видец, Младен Драговиќ, Слоба Драговиќ, Ксенија Драговиќ, Милена Драговиќ и Виолета Томовска“.
Маја Саздановска
Невенка е една од двете ќерки на Виолета, која ја има и ќерката Маја.
Но, токму за Невенка е напишана песната „Македонско девојче“ што ја испеа Јонче Христовски, а за која многумина веруваат дека е народна песна која се пренесува од колено на колено.
Олгица Кошутиќ
Слушнете како звучи „Молитва“ во изведба на семејството на Виолета:
Прочитајте и Виолета Томовска: „Без размислување решив да ги извадам градите за да го победам ракот, сега со 3 внуци уживам во пензионерските денови“
А. Ј. | Црнобело