Ана од Скопје и фудбалерот Чума Анене, со потекло од Нигерија, му прославија прв роденден на синот во Осло
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
Се запознале пред 10 години во Скопје, а сега дом им е Осло... Ана славеше со децата Оланна и Оби, како и со нејзиниот сопруг Чума, кој е по потекло од Нигерија, но е роден и израснат во Норвешка. Заедно имаат живеено и во Русија, Казахстан, Данска и Кипар.
Фото: chariteinsta
Ана Најдовска од Скопје е во брак е со фудбалерот Чума Анене и заедно ги имаат ќерката Оланна и синот Оби, кој сега наполни една година.

Чума е по потекло од Нигерија, но е роден и израснат во Осло, Норвешка.

Поради професијата на сопругот, тие се навикнати на селење и „живот во куфери“ и имаат живеено во Русија, Казахстан, Данска и Кипар, но во последните години Осло им е дом, а Ана неретко ја посетува и Македонија.

На тема како се запознале Ана во интервју за CRNOBELO.com во една пригода изјави:
„Тој играше фудбал во ФК Работнички, но потоа потпиша договор во Русија.
Се сеќавам спиевме и двајцата со слушалки на уши, и вклучен повик 24/7. Тој доаѓаше повремено во Скопје да ме види и јас одев во Русија.

И така функциониравме 2 години, потоа уште 2 години додека играше и во Казахстан. Овој период од врската ни беше посебен и нема никогаш да го заборавам…
По некое време јас бев за првпат на 25 години заљубена како тинејџерка со пеперутки“.
Парот сега му направи тематски роденден на синот Оби со торта со мече и декорации во земјени тонови.

