Го покажа трудничкото стомаче, Столе Стоилов меѓу гостите: Атмосферата на свадбата на Дејан Манасков и саканата Билјана (фото)
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
Каде се запознале, кој ракометар им е кум, стилистката Јована Зука им е старосватица... Детали за свадбата на Дејан Манасков (33) и Билјана Стојановска од Канал 5 телевизија.

Дејан Манасков (33), нашиот ракометар кој настапуваше за Македонската ракометна репрезентација и РК Еурофарм Пелистер и син на македонската ракометна легенда Пепи Манасков, на 31.01 стапи во брак со својата сакана Билјана.

Билјана Стојановска работи во маркетинг сектор во Канал 5 телевизија, а токму во просториите на оваа телевизија парот и се запознал.

За својот свадбен ден Билјана избра венчаница од нашиот дизајнер Марков, а во фустанот од сатен го покажа трудничкото стомаче.


Венчавката беше во црквата Рождество на Пресвета Богородица, а прославата во винаријата Камник.

Кум им е ракометарот Гоце Ојлески, а старосватица - стилистката Јована Зука. Meѓу гостите беше и ракометарот Столе Стоилов.



Повеќе фотографии од прославата:



