Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
„Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам со земјата и сопствената душа. Е, тука ми е дома в природа, a jaрињата и овците ми се единствени соседи“, вели Бети Котовчевска од Ресен, која се исклучи од сè и мина една седмица во својата дрвена куќарка.

Бети Котовчевска од Ресен, позната како ледената Бетика, има дрвена куќарка од соништата, во природа, во Преспа.
Куќарката, која ја нарекува свој втор дом, има прекрасен поглед на планини и на езеро, во рурален дел е и во соседството има само една фарма со јариња.

Сега, таа се повлече од социјалните мрежи и мина една седмица таму во мир.

Покрај камин, со поглед кон природа, виножита и со лулање во хамок, таа вели дека минала навистина релаксирачки мигови таму.

На Инстаграм Бетика напиша:
„Живот на село.
Враќање кон коренот,
Каде човекот едноставно постои
во ритам со земјата и сопствената душа.
Планината не ми е бегство,
таа ми е враќање.
Дом каде тишината ме знае по име,
каде студот ме прегрнува искрено,
а земјата ме држи без услови.
Не се враќам наназад,
се враќам навнатре.
Кон местото каде името не ми е важно,
каде рацете знаат пред умот,
а срцето зборува милно и тивко.
А душата си наоѓа спокој.
Е тука ми е дома в природа
При - рода
При родот мој.
Во продолжение погледнете ги моите единствени соседи тука (јарињата и овците)...“



