Највиралното видео на Ведран (3), детето со маслинките, каде ја моли мајка му за чоколатце - има речиси 2 милиони прегледи
- Детали
- недела, 15 февруари 2026
„Како твојот син да седи гладен? Јас сакам некој сладолед, некое чоколатце“ е хит изјавата на Ведран, кој се прослави како детето со маслинките, а сега измислува 101 начин да добие чоколадо од мајка си.

Ведран од Скопје има само 3 години, но веќе е Инстаграм ѕвезда. Неговите изјави се толку искрени и забавни, што нема да можете да останете рамнодушни и да не се насмеете од срце.
Видеото каде што ѝ се жали на мајка си дека е гладен и сака чоколатце направи 1.9 милиони прегледи.

По, Петар Ачкоски, детето што слатко ја насмеа Македонија со својата изјава за грашокот, a потоа ги преплави медиумите, па се појави дури и на Златна бубамара, сега Ведран е новото дете ѕвезда со хит изјавите.

Кликнете на виралното видео:
Прочитајте е Хит видео: По Петар со грашокот, во Македонија стана хит детенце што бара маслинки од мајка си
С. С. | Црнобело