Ленче Делова, која почина на 77 години, остави неизбришлива трага на филмската сцена - Од „Светот на бајките“ до „Пред дождот“

Ленче Делова е актерката на нашата младост, жена која со својата ведрина, препознатлив лик, глас и филмски улоги остави неизбришлива трага на македонската филмска сцена.

od-svetot-na-bajkite-do-pred-dozhdot-kakva-traga-ostavi-akterkata-lenche-delova-koja-pochina-na-77-godini-01.jpg

Вчера (15.02) на 77 години почина актерката Ленче Делова, една од омилените на македонската публика. Таа беше театарска, филмска и телевизиска глумица, а нењјзиното име повеќе од половина век беше нераскинливо поврзано со сцената на Драмски театар - Скопје.

Оттаму и ја соопштија веста за нејзиното заминување во вечноста.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова.

Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние - пријател и прекрасен човек.

Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството и најблиските“, напишаа од театарот.

Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 година во Скопје, а актерскиот пат го започнала уште во 1964 година како аматер на сцената на тогашниот Драмски младинско-детски театар.

Имала само 16 години кога за првпат стапнала на сцената, а таа подоцна ќе стане нејзин втор дом.

Во 1970 година се вработила во Драмски театар и таму остана сè до пензионирањето во 2013 година, оставајќи зад себе богата и значајна актерска трага.

od-svetot-na-bajkite-do-pred-dozhdot-kakva-traga-ostavi-akterkata-lenche-delova-koja-pochina-na-77-godini-03_copy_copy.jpg 

Со специфичен и автентичен сценски сензибилитет, Делова беше добитник на многу актерски награди. Офелија во „Хамлет“ ѝ ја донесе Наградата „13 Октомври“ во 1978 година, а за улогата на Трајанка во „Ни ќар - ни зијан“ ја доби наградата за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1996 година.

Во 2006 година ѝ беше доделена и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во македонскиот театар.

Но, генерациите кои растеа со неа ќе ја паметат и по улогите во бројни телевизиски филмови и серии, меѓу кои „Итар Пејо“, „Илинден“, „Чук Чук Стојанче“, „Македонски народни приказни“, „Светот има осум страни“, како и во филмовите „Диво месо“, „Тетовирање“, „Пред дождот“, „До балчак“ и многу други.

„Легендите живеат вечно“, напишаа нејзините пријатели на Фејсбук, простувајќи се од актерката.

od-svetot-na-bajkite-do-pred-dozhdot-kakva-traga-ostavi-akterkata-lenche-delova-koja-pochina-na-77-godini-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава