Мирјана од Кавадарци издоминира во „Ѕвездите на Гранд“ - ја маѓепса публиката со емотивното пеење и впечатливиот стил

„Вечерва Мирјана Митрева ја маѓепса публиката со својата изведба. Нејзината интерпретација беше толку емотивна и силна што секој стих го претвори во магија, а публиката остана без здив“ - од „Ѕвездите на Гранд“ го објавија видеото и не штедеа комплименти за нашата претставничка.

mirjana-od-kavaradci-izdominira-vo-dzvezdite-na-grand-ja-magjepsa-publikata-so-emotivnoto-peenje-i-vpechatliviot-stil-01.jpg

Мирјана Митрева од Кавадарци се пласираше директно во четвртиот круг на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, што се емитуваше изминатата сабота и продолжува со борбата за победа.

Мирјана во третиот круг ја испеа песната „Да је туга снијег“ од Дино Мерлин, а од продукцијата, која објави видео од настапот на нашата претставничка на Инстаграм, велат дека таа ја маѓепсала публиката.

„Вечерва Мирјана Митрева ја маѓепса публиката со својата изведба.

Нејзината интерпретација беше толку емотивна и силна што секој стих го претвори во магија, а публиката остана без здив“, пишува во коментарот од „Ѕвездите на Гранд“.

Мирјана, освен со пеењето, воодушеви и со стилот.

Таа, во емисијата што се емитуваше на 14 февруари, носеше црвен фустан со необичен крој, а бојата асоцираше и на црвено вино и на љубов.

„Ви благодарам за поддршката, љубовта и пораките што ги добивам. Секој настап на оваа сцена носи посебна емоција.

Thanks што верувате во мене и што сте дел од ова мое патување“, напиша таа.

Инаку, ментор на Мирјана во шоуто е Ѓорѓе Давид.

Погледнете го настапот на Мирјана:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...

Најчитани неделава