Светлана Црнокрак не старее – прослави 50-ти роденден и блеска во шестата деценија (фото)

Една од најубавите жени во Македонија, Светлана Црнокрак, дувна свеќички за 50-тиот роденден и покажа дека годините не ѝ можат ништо – зрачи со шарм и грациозност и во шестата деценија покрај најсаканите.

svetlana-crnokrak-ne-staree-vleze-vo-shestata-decenija-i-bleska-na-50-tiot-rodenden-foto-01.jpg

Светлана Црнокрак го носи епитетот на една од најубавите жени во Македонија, која изгледа како да се разубавува сè повеќе како што поминуваат годините.

На 18 февруари 2026 таа наполни 50 години, а во шестата деценија од животот влезе со грациозност и стил.

На својот Инстаграм профил таа објави неколку фотографии од прославата на јубилејот во ресторан, облечена во црно, со впечатлив златен накит.

svetlana-crnokrak-ne-staree-vleze-vo-shestata-decenija-i-bleska-na-50-tiot-rodenden-foto-03.jpg

Славеничката дувна свеќички на роденденската торта насмеана, додека на масата покрај неа има цвеќе и таа блеска со својата убавина и елеганција.

svetlana-crnokrak-ne-staree-vleze-vo-shestata-decenija-i-bleska-na-50-tiot-rodenden-foto-02_1.jpg

Светлана покажа дека годините не ѝ можат ништо, а во една прилика во интервју за CRNOBELO.com, откри дека изгледот се должи на големата грижа за себе и раскажа дека постојано вежба, внимава што јаде и го негува лицето.

Прочитајте повеќе: Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и постојано вежбам“

svetlana-crnokrak-ne-staree-vleze-vo-shestata-decenija-i-bleska-na-50-tiot-rodenden-foto-04.jpg

Претходно, во текот на роденденскиот ден, на социјалните мрежи таа доби честитки од ќерките Моника и Нина, како и од нејзиниот сопруг Мики, кој објави ретро фотографија од нив двајца и напиша „Среќна 50-ка!“.

svetlana-crnokrak-ne-staree-vleze-vo-shestata-decenija-i-bleska-na-50-tiot-rodenden-foto-02.jpg

„Ви благодарам на сите за преубавите желби и пораки... Ви благодарам на сите што сте дел од мојот живот! 50 години стекнав големо богатство од прекрасни луѓе и пријатели. Продолжуваме сите заедно и второ полувреме. Ве сакам!“ - напиша Светлана на својот Фејсбук профил.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Моника Црнокрак со дечкото на роденден кај мајка ѝ Светлана, Ноне во униформа на брод: Што прават на... Светлана Црнокрак блеска на својата роденденска забава, а ќерка ѝ Моника Црнокра...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...

Најчитани неделава