Дизајнерката Ива Спасовска славеше роденден во Чикаго - Забава во бело, Стајлинг во стилот на Џеки Кенеди
- Детали
- петок, 20 февруари 2026
Македонската модна дизајнерка, Ива Спасовска, наполни 36 години, а роденденот го прослави во Чикаго, каде што живее повеќе од пола година.

Ива направи забава дома, со многу пријатели - луѓе кои ги запозна таму во изминативе месеци, но и со нејзината најдобра другарка од детството, која живее во Чикаго долги години.
На забавата, Ива имаше впечатлив стајлинг.

Носеше бел костум во стилот на Џеки Кенеди со мал бел шешир и бели дизајнирани хулахопки.
Целиот простор беше украсен со многу бели балони.

„Срце полно радост“, напиша Ива на објавата на Инстаграм и сподели дело од атмосферата - богата трпеза, насмеани лица, торта со јагоди и златни свеќички.
Таа им дозволи на следбениците да ѕирнат во нејзиниот дом, дури и да го видат просторот каде што се шминка и чува козметика и разни дребулии.

Погледнете ги фотографиите:





