Елена Ристеска ја возвишува мајка ѝ во роденденската честитка: „Ти си единствена и незаменлива“
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
„Што и да напишам малку и кратко ќе биде, а заслужуваш цела книга да напишам за тебе! Не сретнав никој рамен на тебе и твојата безусловна љубов во мојот живот! И нема ни да сретнам, затоа што си единствена и незаменлива“, напиша Елена во роденденската честитка за својата сакана мајка.

Елена Ристеска отсекогаш знаела да каже дека е многу блиска и приврзана со своите родители. По смртта на татко ѝ, таа приврзаност со мајка ѝ стана уште поголема. И иако не ја спомнува често јавно, секојпат кога некој ќе ја праша за неа, Елена има само зборови во суперлатив за неа.
Слично беше и во роденденската честитка вчера (22.02) кога пејачката и сопственичка на козметички бренд, на Инстаграм сподели неколку фотки со мајка ѝ и емотивна порака.

Во својата честитка Елена напиша:
„Што и да напишам малку и кратко ќе биде, а заслужуваш цела книга да напишам за тебе!
Не сретнав никој рамен на тебе и твојата безусловна љубов во мојот живот! И нема ни да сретнам, затоа што си единствена и незаменлива.

МАЈКА! Со големи букви и исто толку голема душа и срце.
Ти си олицетворение на добрина и храброст. Да си ни жива и здрава уште долги години, затоа што ние без тебе не знаеме како. Те сакам, најсреќен роденден“.

Претходно и во интервју за CRNOBELO.com, Елена ја возвишуваше својата мајка, велајќи дека е жена-лавица која би направила сè за саканите.
„Мајка ми дефинитивно е мојата лавица на која толку луѓе ѝ згрешиле низ животот, а таа за секого има оправдување, простување и обид за да го разбере.
Таа е цврста и сè уште нè штити и ни помага безрезервно. Ѝ се восхитувам за тоа како сè уште има волја да помага и да прави сè со многу љубов.

Таа ни е на сите топол дом, иако живееме во посебни станови со сестра ми.
За нас двете таа е нашето засолниште и прибежиште кога ќе ни се случи некоја бура, но и кога е животот мирно море,“ кажа тогаш Елена.
Прочитајте и Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува односот со партнерот“
А. Ј. | Црнобело