Moника и Баже од Скопје на уникатен начин го открија полот на бебето - со фарбање со боја, им помогна и ќерката
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
„Имавме едно платно каде што со фамилијата остававме отпечаток од прст, со кој секој имаше прогнозирано дали ќе биде женско или машко, а потоа следуваше најубавиот дел кога ги врзавме очите и почнавме со боја да се фарбаме“, вели Моника Романова (29) од Скопје за CRNOBELO.com.

Моника Романова (29) и Баже Романов (34) од Скопје го очекуваат своето второ дете и направија уникатно откривање на пол.

Тие се во брак 3 години и веќе ја имаат прекрасна ќеркичка Лена, која е на 3-годишна возраст и учествуваше во откривањето на полот на бебето.
Лена всушност откри дека ќе добие братче.

Моника за откривањето на полот за CRNOBELO.com вели:
„Јас сум човек кој обрнува внимание на убавите работи и сака да додава јаготка на шлагот, без разлика дали е тоа украсување по дома или одбележување на нечиј роденден, особено кога станува збор за најблиските. Па, така и ова!

Следејќи ги трендовите општо, откривањето на пол на бебе на специфичен начин ми изгледаше симпатично.

За првото детенце беше со отворање на кутија со балони, а за второто со оставање отпечатоци во розова или сина боја.
