Ана Костадиновска на сведочењето за пожарот: „Прскалките се пуштија на ‘Што сака нека биде’, вратата кај бината беше заклучена“

„Во последните години на сите настапи имаше прскалки. Прскаа во мене, во опремата, никогаш претходно немаше проблем. Прскалките се пуштија на „Што сака нека биде“, погледнав нагоре и видов искри. Панчо рече да излеземе, но бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, но беше заклучена“ - вели Ана Костадиновска во своето сведочење на судењето за пожарот во дискотеката во Кочани. 

ana-kostadinovska-na-svedochenje-za-pozharot-prskalkite-se-pushtija-na-shto-saka-neka-bide-vratata-kaj-binata-beshe-zakluchena-01.jpg

Денес продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, со сведочење на неколку сведоци на предлог на Јавното обвинителство.

Помеѓу сведоците беше и Ана Костадиновска, придружниот вокал во групата ДНК, која ја преживеа кобната трагедија, во која загинаа голем број од нејзините колеги и пријатели од бендот, меѓу 63-те лица кои го изгубија животот таа вечер.

Во сведочењето таа објасни дека не била постојан член на бендот, туку соработувала со нив по потреба, исто како и нејзината колешка и многу блиска пријателка, Сара Пројковска, која загина.

ana-kostadinovska-na-svedochenje-za-pozharot-prskalkite-se-pushtija-na-shto-saka-neka-bide-vratata-kaj-binata-beshe-zakluchena-03.jpg

Таа вечер, на 15.03.2025 пристигнале со автомобил во Кочани, а во посебна просторија која се користела како канцеларија во дискотеката, таа и Сара се подготвувале за настапот кој почнал после полноќ, откако претходно сите членови направиле проба. 

Ана посочи дека на ниту еден претходен настап не видела кој е задолжен да ги постави прскалките на сцена, а дека години наназад се користеле на повеќе настапи, без да настане некаков проблем.

„Во последните години на сите настапи имаше прскалки. Прскаа во мене, во опремата, никогаш претходно немаше проблем“ – одговори таа во сведочењето.

ana-kostadinovska-na-svedochenje-za-pozharot-prskalkite-se-pushtija-na-shto-saka-neka-bide-vratata-kaj-binata-beshe-zakluchena-04.jpg

Таа појасни дека ја изведувале песната „Што сака нека биде“ во моментот кога биле пуштени прскалките, а признава дека ситуацијата не ја сфатиле веднаш толку сериозно и бавно се повлекувале од сцената. 

„Погледнав нагоре и видов пламен. Панчо на микрофон рече да излеземе. 

Видов врата до бината, но беше затворена со катанец и не можевме да излеземе, па тргнавме кон шанкот. Сара тргна со мене. Го поминавме шанкот, но тука се разделивме.

Паднав во стампедото, пред самиот излез. Настана страшна паника и хаос. Се чувствуваше мирис кој тераше на спиење. Со мене беше еден дечко кој сите нè држеше будни.

Ногата ми беше заглавена. Беше хорор, не можам да опишам“ – гласи дел од сведочењето на Ана за страотниот момент.

Во своето сведочење Костадиновска откри дека имала изгореници на лицето и на гласните жици, а од жешката течност што капела одозгора, добила лузни по телото кои изгледаат како да се изгореници од цигара.

Таа рече и дека тешко се носи со тоа што ги изгубила колегите и пријателите со кои била блиска години наназад, а дека работи со психолог, бидејќи уште целосно не може да ја прифати трагичната вест.  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...

Најчитани неделава