Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој шамар“
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
„Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и мајка ми тргна да го брка. Тогаш таа имаше последна комуникација со него тет-а-тет и му рече: ‘Ако ѝ фали влакно, нема да те најдат кај си’. Следно што знам е дека заврши во затвор, затоа што си беше таков ков и сега скоро дознав и дека починал“, раскажува Миа за првата љубов.

Миа Костова и Сергеј Варошлија се долгогодишни пријатели, кои се дружат, сакаат и почитуваат со децении.
Па токму затоа, кога Миа гостуваше во подкастот „Урок“ на Сергеј, тој ѝ постави прашања за работи кои за неа не ги знае скоро никој, а тој, како близок пријател, минувал со неа и низ некои од најубавите и најтешките моменти, па сакаше да ја поттикне да зборува и на тие теми.
Низ разговорот, Миа се отвори за работи што не го кажала јавно, а тоа почна кога Сергеј ѝ вели:
„Ми текнува на една прикаска, ако сакаш, колку сакаш сподели ја, зашто сметам дека може да биде многу инспиративна за девојчињата, а и момчињата во денешно време... Ќе речам дека си заљублива, од мала имаш дечко... сакам да ја раскажеш таа прикаска, што се случува и како завршува“.

Миа низ смеа вели дека не знае за кој дечко ја прашува, па се шегува дека тој треба да ѝ пише порака за да ја потсети.
По ова, Сергеј со потивок глас ѝ одговара „те малтретираше“, а потоа ја замолува да раскаже за врската со извесен дечко, кога била дете, а која била токсична.
„Тоа ми е првата љубов. И не знам дали знаеш дека човекот почина пред 2-3 месеца. Јас сум тогаш многу мала и се заљубувам и губам глава.
Тогаш сум осмо или прва година средно и се заљубувам во алфа мажјак, мафијаш од центар, којшто млати све пред себе и слично.

Ми правеше многу проблеми кога излегував, знаеше да ме начека во диско, да ме извади од диско, зошто сум била со другарките, да ми забрани на голем одмор да одам да прошетам ако не сум во кругот...
Види, 14 години се 14 години и верувам дека многу деца на 14 години мислат дека тоа е исправно, дека е знак на љубов, дека пази на мене, дека тој е посветен дечко и дека ова ќе трае од сега па „надаље“ и засекогаш.

